Македонија
Уште четири нови случаи на коронавирус, бројката се искачи на 13
Published
4 години agoна
By
Media PressКризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, четири нови пациенти од Дебар позитивни на корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на заедничката прес конференција со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и со тоа вкупната бројка се зголеми на 13.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција изјави дека овие четири случаи се поврзани со брачната двојка од Дебар.
Јавното здравје е врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките, нагласи министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата и прогласи кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа. Министерот, повторно нагласи да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот.
Министерот Филипче уште информираше дека патник, кој пристигнал на скопскиот аеродром – наш државјанин од Германија, бил изолиран заради регистрирана лесно покачена температура. Земен е материјал за испитување и изолирани се дел од луѓето кои седеле околу него согласно препораките.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски упати апел во насока на мерките за превенција од ширење на корона вирусот, што ги презема Владата, сите граѓани кои имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.
На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.
Поврзани содржини
Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот
Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена
И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш
Од 1 февруари Данска ги укинува сите Ковид мерки
Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Македонија се искачи над 20.000, расте бројот и во Југоистокот
Омикрон брзо се шири предупредува СЗО, досега е потврден во 106 земји
Македонија
Вработените од Национални шуми денеска на протести
Published
12 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressТриесет подружници денеска се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“, со цел да го изразат незадоволството, бидејќи втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток.
Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.
Избори 2024
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес
Published
20 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressЗаблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години”, подвлече Пендаровски.
Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.
„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател” затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши”, подвлече Пендаровски.
Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.
„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав” одговори Пендаровски.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.
„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО”, одговори Пендаровски.
Избори 2024
Ставот на Ванковска, за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan
Published
20 часа agoна
април 17, 2024By
Media Press„Иницијативата на Бујар Османи е удар на секој обид за функционално помирување и поврзување на земјите од регионот, кои уште не ги залечиле раните. Тој постапува како (голем) Албанец и ги покажува своите антисрпски сентименти заради кои ги жртвува дури и интересите на Македонија. Очигледно, во него нема штоф ниту за прв дипломат, а уште помалку за државник“ – ова е ставот на професорката Ванковска за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan.
Денеска професрката Ванковска нема да има народни собири заради академски обврски на универзитетот. Со теренски активности продолжува во четврток во градот на Рацин, Велес.