Categories: Спорт

Одиграни 9-то и 10-то коло од Супер Лигата во пинг понг

На ден 08.03.2020 година ППК „Радовиш“ ги играше 9-то и 10-то коло од Супер Лигата каде силите ги одмери со екипите на ППК „Младост 96“ од Прилеп и екипата на ППК „Шампион ФА“ од Штип. Во двата дуели натпреварувачите на ППК „Радовиш“ забележаа два порази од поквалитетните екипи а воедно и екипи кои ќе се борат за самиот врв и освојување на овогодинешното првенство.

За ППК „Радовиш“ настапија : Марјан Крстев, Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов.

Следната недела на ден 15.03.2020 година натпреварувачите ќе ги одмерат силите со екипите на ППК „Младост“ од Прилеп и екипата на ППК „Работнички“ од Скопје.

Дуелите се закажани во 10 часот и ќе се одиграат во малата сала на СРЦ Борис Трајковски.

МестоЕкипаБодови
1Младост18
2Шампион Фа15
3Младост 96 14
4 Работнички 12
5Радовиш11
6Телеком НЕЦ11
7Вардар9

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago