„Ќе се преземат мерки
за директорката, сега е предизборен период, не може формално-правно да се вршат
разрешувања и именувања, но во првата можност таа ќе биде разрешена од
функцијата, рече
Министерот Венко Филипче на вчерашната прес конференција
„После сместувањето на
пациентката, докторката на Клиниката за инфективни болести, уште двајца членови
на нејзиното семејство се во домашна изолација. Интервјуирани се сите
вработени, како и пациентите на Клиниката за дерматовенерологија и со решение
од ДСЗИ сите ќе бидат во 14-дневна домашна изолација. Тоа се 64 вработени, како
и 11 пациенти кои што биле хоспитализирани и кај кои лекувањето може да се
продолжи во домашни услови и 13 пациенти кои што се лекувале во изминатата
недела во дневната болница, што значи дека доаѓале за да примат терапија. “,
потенцираше министерот Филипче.
Во текот на викендот
се одржала и конференција на дерматовенеролози, на која присуствувале вкупно
103 лица, дел од нив вработени на клиниката. Сите тие се исконтактирани
телефонски, а кај дел од нив е спроведено и интервју од епидемиолозите. Кај нив
исто така дадена е мерка домашна изолација. Помеѓу нашите гости имало и тројца
од Грција, за што министерот Филипче лично го известил грчкиот министер за
здравство за нивниот идентитет. Салата каде што се одржувала конференцијата е
целосно дезинфицирана, согласно прописите, а истото е случај и со клиниката од
страна на соодветната служба.
„Потенцирам дека
одговорност ќе има за секој којшто нема да се придржува до пропишаните мерки.
Во таа смисла, повторно апелирам до сите на кои им е пропишана мерката домашна
самоизолација доколку патувале во ризичните региони да внимаваат и да се
придржуваат на сите мерки што ние како Министерство за здравство по неколку
пати на ден ги повторуваме дека загрозувањето на јавното здравје е многу
сериозен прекршок и никој нема да биде поштеден од одговорноста. Сакам да
повикам на разумност, максимално почитување на апсолутно сите препораки“,
истакна министерот Филипче.
Во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти на Клиниката за инфективни болести, во изолација се околу 200 лица. Целата Клиника ќе биде затворена 14 дена.