Македонија
Уште еден позитивен случај на пациентка со корона вирус, докторка и директорка на Клиниката за кожни болести
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека доцна синоќа на Клиниката за инфективни болести беше дијагностициран уште еден случај на пациентка позитивна на корона вирусот.
„Таа во текот на претпладнево се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Нејзината состојба е стабилна со лесна клиничка форма, исто како и состојбата на двајцата сопружници претходно хоспитализирани. Состојбата на прво заболената е практично целосно стабилизирана. Во текот на денешниот ден или утре ќе се направи контролниот тест, после што ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница. Морам да изразам огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите на задолжителната автоизолација, после секое патување во ризичните региони. Ве информирам дека пациентката е жена, наша колешка-лекар која пред една недела допатувала од Италија. Таа докторка е директорка на Клиниката за кожни болести, и практично после враќањето во земјава во изминатите пет работни дена одела редовно на работа“, потенцираше министерот Филипче.
Министерот Филипче изјави дека со исклучително големо внимание се пристапува кон мерките на Клиниката за кожни болести.
„Во овој момент целата екипа од Институтот за јавно здравје прави проценка на степенот на ризик за сите кои што контактирале со неа, како вработените, така и пациентите. Можно е согласно проценката и одлуката на епидемиолозите денеска одделот да биде целосно затворен. Целокупниот медицински персонал согласно фреквенцијата и должината на контактот кој го имале да бидат испратени на домашна самоизолација. Пациентите кои што се хоспитализирани исто така, со оглед на тоа што станува збор за пациенти кои можат согласно сегашните сознанија, да го продолжат лекувањето и во домашни услови. Сите други прегледи во периодот кој што следи ќе бидат насочени кон другите јавни здравствени установи каде што има вакви специјалисти. Добро е што колешката немала ден во амбуланта па немала директен контакт со пациенти, кои што доаѓале однадвор во изминатава недела. Од епидемиолошката анкета таа досега ги навела и сите други контакти вклучително и членовите на нејзиното семејство, пријатели. За сите нив, согласно разговорите со епидемиолозите, ќе се донесе соодветна одлука за начинот на изолација“, рече министерот Филипче.
Деноноќно сме посветени на контрола на ова прашање со корона вирусот, целиот тим кој што работи во Министерството во смисла на превенција, третман, мерките кои што ги препорачуваме за натамошно ширење на вирусот. Министерот Филипче рече дека ова непочитување на препораките е навистина огромно разочарување.
„Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не можеме да ги затвориме границите. Ниту една земја во Европа го нема направено тоа. Практично е невозможно и затоа всушност сите препораки на експертите на СЗО се за самоизолација, како што всушност Владата препорача пред две недели. Затоа потенцирам секој кој што доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, и тоа е тој најризичен стадиум на болеста, во инкубација кога нема симптоми а веќе имало контакт со заболен кој што граѓанинот не може да го знае, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани на нашата држава“, истакна министерот Филипче.
Поврзани содржини

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот

Растат бројките и во Југоистокот, за два дена 167 нови случаи и 13 починати лица од корона вирусот

43 нови случаи на ковид 19 во Југоисточниот регион во последните 24 часа, најголем број во Гевгелија

Регистрирани 416 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 278 лица

Потврдени се 389 нови случаи на коронавирус, 24 од нив во Југоистокот, 998 лица во земјава оздравеле

Зголемен бројот на нови случаи за една недела, а намален на починати и оздравени

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

