Categories: Радовиш

17 уметнички слики, изработени од уметниците на минатогодишната колонија, подарени на Општина Радовиш

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на Меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓеоргија“ која традиционално се одржува во Јуни на манастирскиот комплекс „Св.Георги“ во Ораовица, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени вкупно 17 уметнички слики, изработени од уметниците на минатогодишната колонија.

Прекрасните иметнички дела во име на општината ги прими градоначалникот Герасим Конзулов, кој во оваа прилика се заблагодари на сите уметници, учесници на колонијата.  

Делата ги предаде на општината претседателот на ДЛУ „Рада“,  Душан Коцев. Тој се заблагодари  на градоначалникот Конзулов за подршката, од име на здужението.

Инаку минатата година на ликовната колонија учествуваа повеќе од 20 врвни ликовни уметници и тоа од Турција, Русија, Бугарија, Србија како и академски сликари од Македонија. Инспириани од прекрасната природа на манстирскиот комплекс Свети Ѓеоргиј, секогаш од оваа колонија излегуваат дваесетина прекрасни уметнички слики.

При предавањето на уметничките слики во кабинетот на градоначалникот Конзулов, беа присутни и секретарот на општината Драги Стојанов и советникот за култура Игор Чапов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago