Connect with us

Радовиш

Трета обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности) во Радовиш

Media Press

Објавено на

Општинска организација на Црвен крст во  Радовиш ја одржа и третата обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности).  На овие обуки младите лица од 13 до 17 години, ученици во Општинските училишта во Радовиш, се стекнуваат со знаења и вештини како да ги препознаат проблемите, да бараат решенија, како да направат проценка на потребите на нивните целни групи, како правилно да помогнат на оние на кој им е најпотребна нивната помош, и како сето тоа на крај правилно да го документираат.

Од Црвен крст во Радовиш очекуваат да се реализират најмалку пет прокети, кои треба да бидат финализирани заклучно до 29 април 2020 година, а со кои ќе им се помогне на одредена катагорија граѓани

Изработката на проектите ќе следува веднаш по завршувањето на обуките.ЦКА-ПХВ програмата претставува национална програма во која се вклучени младинци од 13 до 17 години, а воедно програмата претставува и алатка за регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади. Во целата држава секоја година се обучуваат околу 1200 млади луѓе, кои просек изработуваат  околу 150 мали  прокети, преку кои се помага на околу 3500 луѓе на годишно ниво. Тие добиваат унифицирана обука за дејствување на терен, како да ги препознаат проблемите, со цел изработка на мали проекти за добробит на заедницата

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе