Радовиш
Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината-2019“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressВо присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, синоќа во Ресторан „Амбасадор“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Манифестацијата беше отворена со поздравен говор на Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.
Од страна на Градоначалникот беше упатена јавна благодарност до сите компании кои даваат поддршка и придонес за развојот на спортот во Радовиш.
Според претседателот на комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш Ристе Спасов, претходно врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи бил извршен избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2019-та година.
На манифестацијата најпрво беа доделени Плакети на најмладите спортисти и тоа на: Марко Илиев од Џудо клуб „СЕНСЕИ“ за Спортска надеж, на Мехмет Усеинов од Боречки клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ и на Магдалена Трајчева од Џудо клуб „СЕНСЕИ“ во категоријата Пионери. Веднаш потоа беа доделени Плакети на: Училишната спортска екипа „Никола Карев“, на Филип Трајанов и на Ивица Илиев од Ракометниот клуб „Радовиш“, на Гоце Димовски од Пинг-понг клубот „Радовиш“, како и на кадетите Арон Николов и Зорица Јованова од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“.
Потоа следуваа Плакетите на Горан Атанасов за спортски тренер на годината и на Владо Лазаров од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски работник. На крај од страна на Градоначалникот Конзулов, беа доделени Плакетите за спортски екипи на годината на: Алпинистички клуб „Плоча“, СРРК „Крап“ и Пинг-понг клуб „Радовиш“, како и Плакетите на Мирко Василев од Муаи Таи клуб „КОМБАТ“ за Спортист на годината – категорија Јуниори и на Александар Стојанов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за Спортист на годината – категорија Сениори.
Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов рече дека Рудникот бучим и понатаму ќе продолжи да го подржува спортот во Радовиш, но упати порака да се направи разлика помеѓу аматерскиот и професионалниот спорт. Според него од аметерскиот треба да изникнат професионалци.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

