Радовиш
32 лица – мигранти пронајдени во возило на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш
Published
4 години agoна
By
Media PressНа 16.февруари околу 19.30 часот на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно мототрно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 лица – мигранти (девет лица од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, едно од Индија и едно лице од Турција).
Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Поврзани содржини
Изгореле пет стари куќи во село Шипковица, на планина Плачковица, радовишко
Приведен криумчар од Струмица затекнат со група од 11 мигранти
Удрил во семафор на раскрсница во Струмица и побегнал, во возилото превезувал 17 лица мигранти
Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти
Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци
Кривична пријава против едно лице од радовишко кое се сомничи за полови дејствија над малолетничка
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.