Connect with us

Македонија

Демократскиот сојуз организираше трибина на тема “МАФИЈАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО”

Avatar

Published

на

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз,во своето обраќање нагласи дека загадувањето во Македонија е непријател број еден на граѓаните и дека е загрозена националната безбедност. Со загадувањето на воздухот, почвата и водите се врши своевиден геноцид и оттаму потребата во борбата против мафијата која раководи со отпадот, да се вклучат и Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, МВР, Министерството за екологија, Царинската управа, како и другите институции се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.

-Покрај домашниот отпад, во Македонија се увезува отпад како енергенс, отпад како суровина и нафтени деривати (мазут, масло итн.) кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди.

Државните институции “не треба да ги контролираат само декларациите туку товарот” што се внесува во Македонија.

Оваа борба ќе биде тешка и долготрајна, бидејќи е борба против мафијата во Европа која од трговијата со отпад остварува огромни приходи.

Околу ставовите дека во Македонија е забранет увоз на опасен отпад, Трајанов потенцираше: “забренето е да се внесува дрога и оружје, но дрога има во изобилие, како и оружје кое нелегално се поседува”.

Демократскиот сојуз заедно со невладиниот сектор и медиумите ќе работи на подигање на свеста на граѓаните, но и ќе инсистира на соодветна реакција и одговорност на носителите на високи позиции во инстуциите во борбата против загадувањето.

Невена Георгиевска од граѓанската Иницијативата О2 зборуваше за активностите на Зелениот фронт кој обединува неколку невладини организации во битката за здрава животна средина. Таа рече дека граѓанскиот сектор успеал да ја разбуди економската свест кај граѓаните и да влијае кај институциите за поголемо ангажирање за алармантните проблеми со загадувањето, стои во соопштението од Демократскиот сојуз.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе