Connect with us

Македонија

Мицкоски: Ќе подржиме се она што го кажаа експертите во врска со новиот предлог закон за Јавно Обвинителство

Media Press

Објавено на

-Ќе подржиме се она што го кажаа експертите во врска со новиот предлог закон за Јавно Обвинителство, рече  лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијна Мицкоски, одговрајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги достави амандманите за Законот за Јавно обвинителство и дали има поместување во овој дел и дали ќе има некоја средба меѓу пратеничките групи за овој закон, Мицкоски рече:

-„Суштински треба да се гледа проблемот, а за суштината на проблемот ја изнесоа практично експертите кои што за време на дводневната јавна дебата во рамките на Парламентот кажаа што мисли фелата, што мисли експертската јавност, како треба еден реформски закон да изгледа и што не е во согласност со Уставот. Ниту Зоран Заев, ниту Рената Дескоска се секунданти, ниту пак  луѓе кои што поднесуваат ултиматуми , ниту пак ние сме луѓе кои што ултиматуми прифаќаат, така што сите оние експертски забелешки кои што можеше да ги слушне министерката Дескоска, господинот Зоран Заев можат едноставно преку институциите кои што ги владеат а тоа е предлагачот во случајот Министерството за правда да ги преточат во амандмани во содржина на законско решение и истото тоа да го поднесат во рамките на процедурите  на Парламентот. И ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржиме. Нашиот став е јасен, гласен и прецизен, а тоа е дека ќе поддржиме се она кое што го кажаа експертите.   Не можеме ние политичарите да бидеме поголеми експерти  од експертите кои што практично го посветиле својот живот на оваа проблематика.

Тие имаат јасни недвосмислени ставови, нека ги инкорпорира предлагачот во рамките  на новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство и ние како пратеничка група ќе го поддржиме. Нека излезат од матрицата на теснопартиски интереси, нека излезат од матрицата на тоа како да го заштитат криминалот во овие три години откако ќе бидат поразени на 12 април. Нека работат барем еднаш во интерес на граѓаните и во интерес на општиот интерес на државата и нека го напуштат сопствениот интерес и интересот на слугите кои што се околу нив. Ние сме тука да соработуваме и доколку така постапат, истото тоа да го поддржиме“, рече Мицкоски.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе