Categories: Радовиш

Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Радовиш

Општина Радовиш објави јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, социјална кохезија, образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Радовиш во согласност со стратешките и програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2020 година.

Финансиските средства предвидени во буџетот на Општина Радовиш за 2020 година, во програмата G1 за вклучување на проекти од стратешки локален развој изнесувааат 1.100.000 денари. Истите ќе бидат распределени по доставен и одобрен предлог проект на здруженија на граѓани и фондации, на следниот начин:

  1. 000 денари за реализација на проектни активности поврзани со сите стратешки програми и документи;
  2. 000 денари за реализација на делови од донесените стратегии за развој на туризмот, за подршка на мали и средни претпријатија и вработување и Зелена Агенда во општина Радовиш.

 Субјекти кои имаат право да конкурираат со свои предлог проекти се здруженија и фондации со седиште во Општина Радовиш.

 Корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации;

  • Корисниците своите предлог проекти да ги реализираат на територијата на Општина Радовиш;
  • Реализацијата на проектните активности да биде во согласност со Уставот и Законите во Република Македонија;

 Предлог проектите да кореспондираат со стратешките документи на Општина Радовиш и да биде наведено во самиот предлог проект за која стратешка цел и документ се однесува;

  • Доделените средства исклучиво да се користат за намената предвидена во предлог проектот во согласност со зададената временска рамка;

 Предвидениот период за реализација на проектните активности да биде до 10 декември 2020 година.

Продолжување на предвидениот период за реализација на проектните активности може да биде дозволено само во случај на поднесување на писмено барање, со соодветно образложение за оправданоста на истото.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago