На одржаната 38-ма седница на Советот на општина Радовиш, со дневен ред од 24 точки беа
донесени повеќе предлог одлуки и програми
во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. На почетокот советниците поставија и
неколку советнички прашања. Советникот Бојан Митевски од редовите на ВМРО
-ДПМНЕ повторно го постави прашањето околу закажувањето на седниците и
доставувањето на материјалите за што потенцира дека во знак на револт неговтата
советничка група нема да учествува во гласањето на точките од дневниот ред. Претседателот на Советот Коле
Чаракчиев рече дека за тоа се делумно виновни и комисиите, бидејќе не можат да
се координараат навреме советниците за да ги разгледуваат предлог одлуките на
комисија.
Митевски исто така постави прашање до градоначалникот Конзулов дали и кои одлуки се потпишани од негов овластен
потписник, на што градоначалникот рече дека ниту една одлука не е потпишана од
друго лице.
Во продолжение со 11 гласа „за“ Советниците
ги усвоија предлог – Програмата за работа на Советот на општина Радовиш за
2020 година, усвојување на извештајот
за состојбата во областа на јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на
патиштата на подрачјето на
општина Радовиш за периодот 01.07 -31.12. 2019 година. За што претседателот на
комисијата даде мало објаснување.
Предлог програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението
од заразни болести на територијата на Општина Радовиш за 2020 година. Предлог
одлука за измена на одлуката за утврдување на бодот за платите на административните
службеници во детската градинка Ацо Караманов и на вработените во ЈП Плаваја.
На седницата беа разгледани
и усвоени предлог одлуките за изработка на техничка документација за неколку
инфраструктурни објекти во градот и населените места, а исто така беше разгледана и усвоени
предлог одлуката, за избор на спортис,
спортска екипа и тренер за 2019 година.
Предлог одликата за распределба на средства од
буџетот, на спортски клубови и здруженија за 2020 година, предизвика жестока дискусија помегу
советниците. Советникот Горан Поцев од говорница со обвинување дека се
делат огромни суми на некои спортските клубови и здруженија, додека советникот Ристе
Спасов со одговор дека очекувал поголема подршка на спортот.
По врбалната дискусија и
дополнителна корекција на некои од сумите, советниците сепак постигнаа
согласност и согласно корегираните суми ја изгласаа предлог одлуката со 15
гласа „за“.