Денешната слика е поразителна и гледаме дека Македонија е лидер практично во регионот по одлив на мозоци, рече Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијна Мицкоски при денешната посета на Компанијата Алгфс Инженеринг во Радовиш. Мицкоски меѓу другото рече:
-„Денеска сум овде во Радовиш да поразговарам токму на оваа тема бидејќи и Радовиш како општина и стопанствениците се погодени од иселувањето, од одливот на квалификувана работна сила и практично неможноста таа квалификувана сила бргу да биде заменета со нова квалификувана сила. Така што навистина поразителна е ситуацијата и во државата, но и овде во општина Радовиш.
Разговаравме овде и во компанијата “Алфа инженеринг”, една од поуспешните
компании на ниво на општина Радовиш, разговаравме со сопственикот околу
реалната економска состојба, околу можностите кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ
може да му помогне на стопанството, побаравме негови идеи и размисли, негови
проекти кои што цениме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би можела да ги
имплементира.
Продолжуваме во текот на денот да се состануваме и со други стопанственици овде во општина Радовиш, со превозниците исто така ќе имаме средба, се разбира со сограѓани, со активистите на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Општинскиот комитет, а утре продолжуваме во друга општина овдека во југоисточниот регион“.