Connect with us

Радовиш

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, викендот се сретна со младите од СДММ Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

На средбата претседателот Заев потенцираше дека официјалните мерки и спроведените реформи се доказ дека СДСМ во изминатите 2 и пол години покажа дека верува во младите и со нив гради партнерски однос.

-Го донесовме Законот за млади со кој за прв пат се дефинира категоријата на млади во државата, дефинирани се формите за младинско учество и инклузија во креирањето на политиките. Донесен е и Законот за младински додаток со кој на секој млад човек до 23 години вработен во производство ќе добива плус 3.000 денари додаток на плата, истакна претседателот Заев на средбата со младите во Радовиш.

Претседателот Заев се осврна и на намалувањето на невработеноста како главен фактор младите да останат во својата татковина.

-Во изминативе 2 и пол години вработени се околу 60.000 лица од кои 54 отсто се млади. Младинската невработеност која во 2016 изнесуваше 48.2 отсто денес изнесува 35 отсто, заклучи Заев.

Радовиш

Изложба- по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин, во библиотеката во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на програмата за одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката Браќа Миладиновци во Радовиш, беше органзирана и ИЗЛОЖБА – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Изложбата ја отвори писателот Борче Панов.

На Изложбата беа претставени изработки од волна и керамика на кои имаше испишано букви од Старословенскиот јазик, а истата беше дел од организираната трибина, посветена на Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик

Continue Reading

Радовиш

Уште една успешно спроведена крводарителска акција со над 40 крвни едници во Црвен крст Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера  во просториите на Општинската организација на Црвен крст, Радовиш се одржа крводарителска акција, на која крв дарува 41 дарител.  Меѓу дарителите имаше и мажи и жени, кои несебично ја даруваа својот драгоцена течност.

Од Црвен крст и од екипата за трансфузиологија упатуваат голема благодарност до сите дарители кои ја покажаа својата хуманост.

Инаку ова е една од редовните крводарителски акции кои ги спроведува ОО на црвен крст во Радовиш согласно својата годишна програма.

Continue Reading

Радовиш

Трета обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности) во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Општинска организација на Црвен крст во  Радовиш ја одржа и третата обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности).  На овие обуки младите лица од 13 до 17 години, ученици во Општинските училишта во Радовиш, се стекнуваат со знаења и вештини како да ги препознаат проблемите, да бараат решенија, како да направат проценка на потребите на нивните целни групи, како правилно да помогнат на оние на кој им е најпотребна нивната помош, и како сето тоа на крај правилно да го документираат.

Од Црвен крст во Радовиш очекуваат да се реализират најмалку пет прокети, кои треба да бидат финализирани заклучно до 29 април 2020 година, а со кои ќе им се помогне на одредена катагорија граѓани

Изработката на проектите ќе следува веднаш по завршувањето на обуките. ЦКА-ПХВ програмата претставува национална програма во која се вклучени младинци од 13 до 17 години, а воедно програмата претставува и алатка за регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади. Во целата држава секоја година се обучуваат околу 1200 млади луѓе, кои просек изработуваат  околу 150 мали  прокети, преку кои се помага на околу 3500 луѓе на годишно ниво. Тие добиваат унифицирана обука за дејствување на терен, како да ги препознаат проблемите, со цел изработка на мали проекти за добробит на заедницата

Continue Reading