Connect with us

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Published

on

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Од недела потопло време со вистински пролетни темпаратури

Виолета | Media Press

Published

on

Времето во поголем дел од земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура  се движеше од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Continue Reading

Македонија

На 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава, Централен регистар ќе прима годишни сметки до 20 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08:00 до 20:00 часот.

Во соопштението се наведува дека микро и мали субјекти,  што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година.

Централниот регистар ги информира самостојните вршители на дејност дека билансот на приходи и расходи треба да се достави согласно со новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејнос.

 Исто така Централниот регистар објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои спроведува постапка за бришење поради тоа што: до 31.12.2019 година до Централниот регистар не поднеле годишна сметка за деловната 2018 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, согласно  Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица.

Continue Reading

Македонија

Регистрацијата на медиумите во ДИК за парламентарните избори, завршува до денеска

Виолета | Media Press

Published

on

Според новите одредби на Изборниот законик, сите медиуми – радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање (ППР) за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 12 април 2020 година, се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 24 часот на 19 февруари, за што треба да поднесат барање за упис, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 30 дена. Барањата се поднесуваат на електронската адреса: izbori@sec.mk.

Изминатиот викенд, непосредно пред донесување на одлуката за распишување на изборите, Собранието донесе Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Според него медиумите што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за ППР, обезбедени од Буџетот на државата.

Исто така, медиумите се должни најдоцна до 21 февруари 2020 година, да утврдат ценовници за ППР и да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес, а цените не смеат да ја надминуваат просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси.

Просечно постигнатата цена и најниската цена за ППР кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) во последните 5 изборни циклуси ги утврдува Државната изборна комисија и тие ќе бидат објавени на нејзината веб страница.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои нема да се регистрираат во Државна изборна комисија и нам да бидат во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали), односно кои нема да достават ценовници до Државна изборна комисија во предвидениот законски рок, нема да имаат право да користат финасиски средства за платено политичко рекламирање, за Предвремени избори на пратеници во Собранието, обезбедени од Буџетот на државата.

Учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) кои не се регистрирани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања.

Continue Reading