Радовиш
Пикерот Игор Трајковски следната сезона ќе напаѓа со боите на РК Радовиш
Published
4 години agoна
By
Media PressПикерот Игор Трајковски се сели во суперлигашот РК „Радовиш“. Досега настапуваше за ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер 2“ од Битола.
Трајковски и Димитровски останаа слободни играчи откако тимот од Битола одлучи да се потпира само на млади ракометари оваа сезона, па решија да им дадат одврзани раце на двајцата најискусни ракометари во тимот.
Трајковски беше дел од тимот на Струга, пред да се врати во Еурофарм Пелистер 2.
Задржани се во тимот на Радовиш се Кристијан Ристов, Филип Трајанов, Здравко Постолов, Ивица Илиев, Александар Долдуров, Спасе Ѓорѓиев, Златко Везенковски, Ангелче Органџиев, Аце Спасов, Славјан Паунов и Александар Тушев.
Клубот најавува дека ќе доведе уште еден лев бек, за да има видливо посилен тим од оваа сезона и да го нападне горниот дел на табелата.
Поврзани содржини
Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш
Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, Конче и Срумица
ЈАНА и МИМА од Радовиш единствени претставнички од Македонија во финалето на голем ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР ВО БАРСЕЛОНА
ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник
Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Радовиш
Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје
Published
2 месеци agoна
март 23, 2024By
Media PressВчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.
Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25 март.
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
2 месеци agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
2 месеци agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.