Connect with us

Конче

Димковски на средба со тутунопроизводителите во Конче, целокупното производство на тутун ќе биде откупено

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на тутунопроизводителите од Општина Конче, заедно со градоначалникот Благој Илиев, во петокот остварија средба, на која беше разговарано со тутунопроизводителите од овој регион по повод нивното незадоволство од текот на откупот на тутун од реколтата 2019 – та.

Иако досега откупот се одвивал без никакви проблеми и откупени се околу 70 отсто од тутунот, тутунопроизводителите се загрижени за остатокот на тутун кој сеуште не е откупен.

На состанокот присуствуваа и претставници на фирмите откупувачи како и претседателот на Сојузот на Здружението на тутунари.

Министерот Димковски, по средбата со тутунопроизводителите, посети еден од откупните пунктови во Конче.

Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат се што е во нивна моќ за тутунот да биде откупен во целост, согласно договорените количини, потенцира Димковски.

Конче

(ВИДЕО) Ќе ја олесни ли маката на тутунарите денешниот слаб дожд

Виолета | Media Press

Published

on

Во тек е созоната на садење тутун.Тешка е земјоделската мака велат земјоделците од радовишко- конечкиот крај, посебно во овој период кога е сезона на садење тутун. Се бориме со сушата и со црвеницата велат тутнарите од Општина Конче.  За садење со машина велат тие потребни се 4 лица.

Можевби денешниот дожд ќе им ја олесни малку маката на тутунарите барем нема да морат да наводнуват, како што велат тие. Некои кои не сакаа да зборуват пред камера велат дека најтешка е оваа фаза од производството на тутун, садењето. Потоа е полесно секој сам си работи и не мора да се групираат по 4 -ца на трактор и еден за наводнување.  Основна дејност на земјоделците од Општините Радовиш и Конче им е тутунот, како производ за кој има сигурен откуп и од кој егзистираат жителите од речиси сите населени места од овие општини.

Во општината Конче што важи за голем производител на тутун, многу од земјоделци се откажаа од садење на оваа култура поради тешката работа и ниската  откупна  цена како што велат при  крајот од откупната сезона. А многу од луѓето од селата во оваа општина си заминале во странство во потрага по подобра егзистенција.

Инаку  годинава, вкупно  во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството  на тутун. Во споредба со ланското производство од 27.000 тони, годинава се очекува реколта од околу 30.000 тони тутун.

Continue Reading

Конче

Вицепремиерката Мила Царовска во посета на Сончева езерска населба Мантово во Општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Во работна  посета на Општина Конче денеска беа Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески кои заедно со градоначалникот на општина Конче Благој Илиев, извршија увид во реализацијата на прокетот за подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба мантово, кој се реалзира со подршка на Европската Унија.

Градоначалникот Илиев изрази посебна благодарност до Владата и до евроамбасадорот Самоил Жбогар, за подршката за реализација на овој проект.

„Како Влада сме насочени кон инвестиции кои што го потикнуваат локалниот економски развој и даваме можност да се развиват сите региони и општини    кои што имаат значајна вредност во развојот на туризмот“, рече Виципремиерката Царовска.

„Со овој проект овозможуваме поголема пристапност до ова прекрасно место и овозможуваме развоја на домашниот туризам“ рече меѓу другото министерот за локална самоуправа Горан Милевски.  

 Според заменик министеротза локална самоуправа  Дејан Павлески изминатите три години преку сите проекти од странски донатори – партнери,  но и од буџетот на државата се инвестирани во локалниот  и регионален развој повеќе од 100 милиони евра, пред се за развој на туризмот.

Проектот е во рамките на програмата  за локална и регионална конкурентност, администриран од Светска Банка а го изведува Општина Конче. Со реализацијата на овој проект Сончева езерска населба Мантово ќе добие сосема нов атрактивен изглед со сите потребни услови за развоја на туризмот.

За одржување на ова атрактивнос туристичко место ќе се грижи ЈП Лакавица од Конче. Градоначалникот Илиев апелира до посетителите да ја чуват и да се грижат за урбаната опрема, бидејќи е од интерес за сите граѓани.

Continue Reading

Конче

Наскоро атрактивна „Сончева езерска населба Мантово“ во Општина Конче, проектот е во финална фаза

Виолета | Media Press

Published

on

 Во завршна фаза е проектот за подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово во Општина Конче, проект кој се очекува да го зажииве езерскиот и рурланиот туризам во општината,  финасиран од Европската унија и од Владата.

 Со овој проект градоначалникот Благој Илиев очекува дека ќе заживее туризмот во ова атрактивно  планинско и еколошки чисто место покрај езерото Мантово каде има изградено околу 200 викенд куќи. Општина Конче има услови за развој и на рурланиот туризам

Проектот е во рамките на програмата  за локална и регионална конкурентност, администриран од Светска Банка, а го изведува Општина Конче. Со реализацијата на овој проект Сончева езерска населба Мантово ќе добие сосема нов, атрактивен изглед со сите потребни услови за развој на туризмот.

Continue Reading

Copyright © 2019 Media Press | Сите права се заштитени | Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.