Connect with us

Гевгелија

Градоначалникот Поцков го посети првото новороденче во Општина Гевгелија во 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков вчера ги посети Драгица и Перо Камчеви, среќните родители на првото новороденче во 2020 година, во нивниот дом во Моин. Втората принова во семејството Камчеви од Моин, е првото новороденче во 2020 година.

  Имено, младата брачна двојка Драгица и Перо Камчеви добија ќерка на 1-ви јануари годинава. Среќната мајка се породила на 1ви јануари 2020 година во 17:40 часот во Општата болница во Струмица и родила женско дете со тежина од 3.150 грама и 51 сантиметар должина

Градоначалникот Поцков на новородената Василија и подари чек од 10.000 денари. Исто така, на новороденчето му подари пакет со бебешка козметика и храна, изразуваќи желби, малата Василија да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радости на нејзините родители.
Инаку, ова е второ дете на Перо и Драгица Камчеви, а првиот син Душан, исто така, беше првото новородено дете во 2017 година.
Општина Гевгелија, покрај наградата за првото новородено дете во годината, на сите новороденчиња им исплаќа ваучери. Така, минатата година биле исплатени 194 ваучери за секое новородено бебе, како и за третото родено дете. За секое новородено бебе се исплаќаат по 6.000 денари, додека за третородено дете се исплаќаат по 12.000 денари, велат од општината.

Гевгелија

Скопјанец се обидел да прошверцува над 200 мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

За помалку од еден месец откриени три шлепери полни со мигранти. Последниот случај е регистриран синоќа околу полноќ во близина на базата на Македонија пат кај Гевгелија. Имено синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Гевгелија

Гевгеличанка уапсена поради прекршување на самоизолација

Александар | Media Press

Published

on

31 годишна гевгеличанка е уапсена на базен во Гевгелија од страна на полициски службеници. Причина за лишувањето од слобода е прекршувањето на одлуката на Владата за самоизолација

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.“ – Стои во соопштението од МВР

Continue Reading

Гевгелија

Побегнал пациент од дворот на Невропсихијатриска болница Негорци

Виолета | Media Press

Published

on

Случајот го пријавил лекар од Невропсихијатриска болница. Имено на  21.06.2020 околу 18 часот  во Полициската станица Струмица, лекар од Невропсихијатриска болница Негорци пријавил дека од дворот на болницата побегнао лицето  З.В.(39) од Штип, кој во болницата бил пренесен од Затвор од Штип, каде претходно издржувал затворска казна.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Copyright © 2019 Media Press | Сите права се заштитени | Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.