Connect with us

Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на преодна Влада

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за формирање на техничка влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12 април.

Врз основа Уставот и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски“, изјави претседателот Пендаровским . 

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Зоран Заев од функцијата премиер. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ, информираат од кабинетот на Претседателот.

По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.

Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи, во преодната влада ќе го замени Наќе Чулев, ексдиректор на Агенцијата за разузнавање, кој е предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Македонија

Одржана првата седница на новиот парламантарен состав

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска на правата седница на новиот  парламантарен состав се верифицираа мандатите на пратениците.

 Со 116 гласови – ЗА, граѓаните го добија десеттиот парламентарен состав  со новите 120 пратеници.

Седницата се одржа под посебни здравствени протоколи. За прв пат на врвот на собраниската зграда, во Куполата каде што има услови да се почитуваат корона-мерките. Со седницата претседаваше Талат Џафери.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде мнозинство  од 61 пратеник за формирање на новата влада. Во новиот пратенички состав има 77 мажи и 44 жени. Граѓаните на Радовиш ќе ги застапуваат двајца пратеници Коле Чаракчиев од СДСМ и коалицијата и Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ и колацијата, кои денеска за пра пат влегоа во собраниската сала.

Continue Reading

Здравје

Направени се 830 тестирања, 75 нови случаи на Ковид -19, 5 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство преку Фејсбук. Најмногу новозаболени по градови има повторно во Скопје 32. Потоа во Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Куманово 16
-Прилеп 2
-Тетово 5
-Струга 28
-Охрид 18
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Кочани 1
-Македонски Брод 1
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 1

Continue Reading

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading