Connect with us

Радовиш

Студиот за модерен балет Газели од Радовиш го одржа својот традиционален завршен предновогодишен концерт

Виолета | Media Press

Published

on

Студиот за модерен балет Газели од Радовиш го одржа својот традиционален завршен предновогодишен концерт, во Центарот за култура Ацо караманов во Радовиш. Истиот се одржа во три термина во кој членовите на студиото Газели се претставија со свои кореографии  групирани по возраст, од најмалите до највозрасните. Присутната публика која најмногу се состоеше од родители и ронини на газелите уживаа во прекрасната изведба на нивните деца.

На Новогодишниот концерт се  претставија над 200  членови на студито Газели, во кореографија на Изабела Ангелова.  Инаку Студиото за модерен балет Газели во Радовиш постои веќе  15 години и има постигнато големи успеси на локално, државно и меѓинародно ниво.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Притворено лице од радовишко, извршило обљуба врз својата баба

Виолета | Media Press

Published

on

На 30.07.2020 година Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.Ш. (23) од село Тополница, радовишко, поради сомнение за сторено кривично дело „родосквернавење“ по  член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот пред околу еден месец, Е.Ш. извршил обљуба врз неговата баба. Од страна на судија од Основен суд Струмица на Е.Ш. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Радовиш

Заедничка превентивна активност под наслов „Вози одговорно” на подрачјето на Полициската станица Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на превентивната активност под наслов „Вози одговорно” на учесниците во сообраќајот им беа поделени флаери, маички, вода и заштитни маски.

Имено денеска од 10.00 до 11.00 часот на подрачјето на ОВР Радовиш,од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше организирана заедничка превентивна активност под наслов „Вози одговорно”.

 Во заедничката превентивна активност беа запирани возила и на возачите им беше укажувано за безбедно и одговорно возење и притоа и беа поделувани флаери, маички, вода и заштитни маски. Во акцијата активно учество зема и радовишката полиција.

Continue Reading

Радовиш

Општина Радовиш ќе добие ново енергетски ефикасно улично осветлување со модерни лед светилки

Виолета | Media Press

Published

on

Станува збор за проект  по ЕСКО модел, во вредност од 1.6 милиони евра поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Градоначалникот Герасим Конзулов денеска го потпиша договорот за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел, со компанијата ИНТЕРЕНЕРГО . Конзулов изрази благодарсност до Советот на општината за поддршката за овој проект и притоа го спомна значењето на истиот за општината.

„Предвидено е проектот да се реализира за 3 до 4 месеци при што сите стари електрични светилки на територијата на општината ќе бидат заменети со нови еколошки високо квалитенти ЛЕД светилки од англиско производство, а општината да нема никакви трошоци“, рече Конзулов.

ЕСКО моделот предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и намалат трошоците за електрична енергија и одржување.

Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија во следните осум години, при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет.

После 8 години  инвестицијата останува во трајна сопственост на општината и благодетите ќе ги уживаат сите граѓани, истакна Зоран Трпески, директор на  компанијата ИНТЕРЕНЕРГО со кој  беше потпишан договорот.

Continue Reading