Радовиш
Радовиш танцуваше -Студиото за модерен балет „Газели“ од Радовиш го одржа својот годишен концерт во ЦК „Ацо Караманов“
Published
2 години agoна
By
Media PressСтудиото за модерен балет „Газели“ од Радовиш го одржа својот годишен концерт во ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш. Во преполната слала во саботата газелите се претставија пред радовишката публика, распоредени во два термини.
Радовиш танцуваше, како што рече кореографот Изабела Ангелова, понесена од емоциии и прекрасни чувства кои предизвикаа солзи радосници и кај неа и кај децата, на крајот на концертот.
Поврзани содржини
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Радовишките крводарители пример за хуманост и солидарност
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Спортската сала во Радовиш доби нов ЛЕД екран, за повеќе намени
Усвоени завршните сметки на училиштата и на јавните институции во Радовиш, на последната седница на Совет
Заврши изградбата на новата улица во село Ињево, во должина од околу 300 метри
Радовиш
Пријава во полиција за физички напад во казино во Радовиш
Published
27 минути agoна
март 19, 2024By
Media PressВчера околу 21 часот радовишанец пријавило во ПС Радовиш дека бил физички нападнат од друго лице во казино во Радовиш.
„На 18.03.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Б.(30) од Радовиш пријавил дека во казино во Радовиш бил физички нападнат од А.К. од Радовиш“ соопштува СВР Струмица ПС Радовиш.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Радовиш
Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш
Published
22 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressОтворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од тримесечниот ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш. Изложбата беше организирина во саботата во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.
Ова е втора година по ред како се организира ваков курс со поддршка на Општина Радовиш, а во органзиација на друштвото на ликовни уметници Рада, со цел подучување и негување на уметноста кај младите и талентирани ученици.
Во присуство на нивните родители им беа додлени сертификати за завршен прв и втор курс.
Изложбата ќе биде отворен во наредните десетина дена после 17 часот, а потоа учениците ќе можат да си ги подигнат сликите, рече Душан Коцев претседател на ДЛУР – Рада од Радовиш, кој заедно со Крсте Тарабунов, ги држеа часовите по уметност на младите уметници.
Градоначалникот Ацо Ристов им честита за добиените сертификати и им посака успех и понатаму да ја негуваат уметноста.
Радовиш
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Published
5 дена agoна
март 14, 2024By
Media PressВо сабота 16.03 со почеток од 9:30 семејството на Сандра Дејановска Крстев, организира добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”. Семејството ги повикува сите добронамерни граѓани да се вклучат во маратонот, билетите за учество веќе се пуштени во продажба, а можат и да се купат и на самиот почеток на маратонот во сабота. Билетите се по цена од 200 денари.
Сандра Дејановска Крстев е наша сограѓанка кој боледува од редок вид на канцер, таа моментално е на лекување во Турција. Лекувањето е долго и макотрпно, семејството се надева на големата животна победа на Сандра. Сите ние можеме да се вклучиме. Маратонот почнува пред Спортската сала 25 мај во Радовиш, и продолжува по булеварот Александар Македонски.