Categories: Конче

Одбележан „21 Декември, Денот на наставата на Турски јазик“ во Општина Конче

Со пригодна програма беше одбележан „21 Декември, Денот на наставата на Турски јазик“ во Општина  Конче. Во присуство на повеќе гости, градоначалници на  неколку Општини од Турција,  од општините Кавакли, Кушадаси, Селџук, Јалова и Општина Ризе, потоа  ученици и останати жители на општина Конче, се обрати градоначалникот Благој Илиев, кој им посака срдечно добредојде.

На настанот му претходеше и прием на гостите од Турција од страна на градоначалникот Илиев, како и збратимување на ООУ „Гоце Делчев“ од Конче со Основно училиште од Општина Ризе, Република Турција.

 На приемот беа разменити и пригодни подароци помегу градоначалниците од Турција со градоначалникот на Конче Благој Илиев, на кој му беше подарена и книга во која  има стари податоци за Македонија, во кои се опфатени и Радовиш и радовишко, Струмица, Кратово и други места.

Настанот беше заокружен со пригодна програма Подготвена од учениците од турска националност од ООУ Гоце Делчев, и фолклорни ансамбли од Радовиш и Дедино.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago