Categories: Гевгелија

Градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура

Во Гевгелија во тек е изведбата на инфрастурктурни зафати на две локации за подобрување на комуналната инфраструктура.

На улицата „Индустриска“ во стопанската зона на влезот од Гевгелија, се гради атмосферска канализација. И тоа, на дел од оваа улица, како и на дел од новопланираната сервисна улица бр.5. Вредноста на целиот зафат чини 3.028.246 денари, од кои 1.735.016 денари се грант добиен преку проектот Подобрување на општинските услуги (МСИП). Додека 1.293.230 денари се сопствено учество на општината.
Исто така, изведбени работи има и во Караорман, каде што се гради водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во оваа во станбена населба. Вредноста на овој проект е 4.501.176 денари, од кои 4.173.571 денари се грант обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуви (МСИП), додека 327.605 денари се сопствено учество.
И двата гранта и се доделени на Општина Гевгелија за успешно реализираните проекти за водоснабдување и за изградба на училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“, кои беа реализирани и финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) информираат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago