Categories: Гевгелија

Започна санацијата на зградата во Гевгелија во која изгореа 6 стана

По неполни пет месеци од пожарот што ја зафати станбената зграда на улица „Ристо Чадаров“ во Гевгелија, во која изгореа сите шест 6 станови во поткровјето, додека 6 станови на петтиот кат беа делумно оштетени, започна санацијата на зградата. Струмичката фирма „Металомонт“ започна со изградба на нов покрив и санација на опожарената зграда. Санацијата се изведува со средствата во износ од 400.000 денари, што со одлука на Советот на општина Гевгелија, веднаш по пожарот беа доделени за оваа намена. Исто така, и со дополнително донираните средства од поединци и фирми во Гевгелија. По тој повод станарите на опожарената зграда упатија благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, нагласувајќи дека без донираните средства зградата ќе станеше целосно нефункционална, дознаваме од Општина Гевгелија.
-Ситуацијата стана алармантна по последните дождови, но, тоа е резултат на одолговлекувањето на целата постапка за санација и изградба на покривот. Вистина е дека се работи за станови во приватна сопственост, но во зградата главно живеат пензионери со ниски примања. Не би сакала да замислам што ќе се случеше доколку ги немаше донираните 400.000 денари од општината и дополнително донираните средства од приватни правни лица, се вели во писмото со благодарност кое до општина Гевгелија го достави Јованка Прочковски во името на станарите од опожарената зграда.


Според потпишаниот договор на станарите со изведувачот санацијата треба да биде завршена во најскоро време. Инаку, покрај донираните средства за санација на зградата, општина Гевгелија, веднаш по пожарот, им донираше на станарите кои живееја и се затекнаа во становите по еднократна парична помош, обезбеди покрив над главата за оние станари кои немаа други можности, а организираше и ја поддржа акцијата за расчистување на опожарената зграда.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago