Connect with us

Радовиш

Одбележан ,,21 Декември Денот на наставата на Турски јазик,, во Радовиш

Media Press

Published

на

Со пригодна програма одбележан ,,21 Декември Денот на наставата на Турски јазик,,  во Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш.

Настанот беше во организација на ООУ „Крсте Петков Мисирков“  и здружение на Турците од Источна  Македонија. Пристуните ги поздрави директорката на училиштетото Лујза Спасова.

 Со пригоден говор се обрати  и  претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев како претставник од општината, како подржувачи на настанот.

За значењето на Турскиот наставен јазик и неговата примена зборуваше и државниот секретар во Министерството за образование Енвер Хусеин, како и претседателот на  ДПТ  Бејџан Илијас.  Можностa за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик, е вредност која придонесува за развојот на културниот плурализам во една земја рече Хусеин.

Учениците од ООУ Крсте Петков Мисирков од Турска националност  пред присутните се претставија со пригодна програма со што беше одбележан Денот на настава на Турски јазик.   

Македонија

Од денеска од 12 часот почнува запишувањето во средните училишта

Media Press

Published

на

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска од 12 часот и ќе трае во наредните три дена.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Во СОУ Коста Сусинов во Радови предвидено да се запишат 300 ученици кои ќе бидат распределени во 9 паралелки.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата. Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Млада и креативна наставничка од Радовиш црта со љубов, најголема награда и е насмевката на децата

Media Press

Published

на

Нема поголема награда од насмевката на децата кога ќе ги видат нејзините  цртежи, за младата креативна наставничка Биљана Коцева вработена во ОУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, радовишко.  Таа задоволно вели дека додека не почнала да работи со деца не ни знаела дека поседува таков талент. Училишната зграда ја красат токму цртежите кои ги црта Биљана, со голема љубов и со уживање.

Училницата во која предава Биљана на ученици од првно одделение е една од најубавите во училиштето, украсена со разни цртежи и креативни изработки претставува вистинско детско катче.

 Дел од својата креативност младата наставничка ја пренесува и на учениците за што се органзираат и разни работилници. Љубовта кон уметноста никнува од љубовта кон дечињата, вели таа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 120 матуранти во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, денеска го полагаа вториот екстерен испит од државната матура

Media Press

Published

на

Околу 120 матуранти во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, денеска го полагаа вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика и странски јазик. Матурантите кои навреме пристигнаа во училиштниот двор, подготвени за полагање на денешниот испит, но и определени каде ќе го продолжат своето образование.

 Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) матурантите го полагаа во саботата. Според директорот на училиштето Гоце Лазаров, тие се подготвени и очекуваат успешно  да заврши и денешното полагање  како и претходниот пат. Резултатит од полагањето ќе бидат објвени после еден месец.

Прочитај повеќе