Categories: Гевгелија

Во сите детски градинки во рамките на ЈДУ„Детска радост“ во Гевгелија во тек е замената на подот

 Станува збор за замена на дотраениот и оштетен под на површина од 2.660 метри квадратни. Според директорката на ЈДУ„Детска радост“ Бети Стојменова подот на градинките во Гевгелија не е заменет уште од отворањето на првата градинка во 1961 година.
-Веќе е извршена замена на дотраениот паркетен под со ламинат, и тоа, во сите три детски градинки. Од наредниот викенд ќе се  продолжи со замената на подот во детските градинки во Негорци и Миравци. Единствено не е вршена замена на подот во градинката во Богородица, бидејќи е нова и е изградена во 2014 година. Со ваквиот потег значително ќе се подобрат хигиенските услови, ќе се заштеди енергија и ќе се создадат многу поповолни услови за престој на децата, вели Стојменова.

 Замената на дотраените подови во сите детски градинки во општината се врши со заштедените средства од доделените блок дотации. Работните активности се изведуваат во деновите на викенд за да не се прекине процесот на прифаќање и згрижување на децата.


Изминатава година во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во Негорци извршена е целосна замена на столаријата, за што детската градинка издвоила 7,3 милиони денари сопствени средства.

Исто така, во централната градинка, како и во градинките Сончогледи и Цветови комплетно беа реновирани тоалетите, а во сите детски градинки извршено е опремување и климатизирање на сите простории. Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков при посетата на градинката рече дека ваквите активности значително придонесуваат за подобрување на квалитетот на услугите во градинките. Истовремено, нагласи дека општината и во наредната година ќе посвети посебно внимание на ова, а за таа цел веќе е изработен проект за доградба на детската градинка „Сончогледи“ а наскоро да биде отворена и детската градинка во Прдејци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago