Categories: Радовиш

Започна „Новогодишниот саем на книга 2019“ во Радовиш

„Новогодишниот саем на книга 2019“ вчера свечено беше отворен во општинската Библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. 9 издавачки куќи нудат богат избор на книги и стручна литература.

Пред присутните се обрати директорката на  Библиотеката Иванка Соколова, а саемот за отворен го прогласи секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов.

 Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш за љубителите на пишаниот збор, оваа манифестација ја организира по дванаесетти пат и има за цел да ја доближи книгата до читателите особено до најмладата популација.

На саемот на книгата учествуваат неколку издавачки куќи меѓу кои: Издавачки центар ТРИ, Просветно дело, Култура, Сакам Книги, Топер, Антолог, Наша култура, Матица Македонска и Феникс. Сите учесници на саемот нудат богат избор на книги и стручна литература, кои на читателите ќе им понудат повеќе од 1000 наслови од својата програма, што претставува одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени. На најмладите читатели низ интерактивно дружење им беа презентирани книгите: Календар на детството од Киро Донев и Детето со ѕвезда на челото – збирка македонски народни приказни приредени од Ана Витанова Рингачева. За важноста на книгата и развивањето на љубовта на децата кон читањето зборуваше Ксенија Трајчева претставник од издавачката куќа „Просветно дело“.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago