Connect with us

Земјоделие

Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците

Виолета | Media Press

Објавено

N

Управата за јавни приходи од утре ќе започне со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. На денешната заедничка прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочија дека по овој основ до крајот на годинава ќе се исплатат 80 милиони денари на околу 17.000 земјоделци, кои го остваруваат правото на поврат на персонален данок на доход.

„ Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година.Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.

Право на поврат на персоналниот данок имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници, немаат остварено приходи по друг основ, земјоделците да не се во работен однос и да не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

 Повратот ќе се врши на трансакциските сметки на земјоделците и ќе врши неколкукратно до крајот на годината односно додека не се исцрпи целиот поврат.

„За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои УЈП и МЗШВ во моментот не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Токму затоа, доколку некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат УЈП. Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи до 20.000 денари. Дополнително, тие беа ослободени и од административни процедури како поднесување барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање на административни такси “, изјави директорката Лукаревска.

На почетокот на 2018 година, Владата го измени Законот за персонален данок на доход,  со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

Земјоделие

Жените земјоделки за првпат ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра

Виолета | Media Press

Објавено

N

Денеска Платежната агенција го објави Јавниот повик за доставување на барања за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за оваа година. Максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант. 

„Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведе за првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Мерката за развивање во последната година, со што се создадоа услови за објавување на јавниот повик. Очекуваме да има голем интерес за оваа мерка“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември 2019 – та година. Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„ Со овие средства може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи, растители и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи, опрема за прием, собирање и чување, сортирање, чистење, миење, сушење, калибрирање на земјоделски производи. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење, етикетирање на производи.  Со помош на средствата од оваа мерка може да се набавува и опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, палети,  опрема за мерење и квалитет, опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Дополнително,преку мерката„Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг. За оваа мерка е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло, којшто дава основа за продажба од праг. Со тоа идентитетот и квалитетот на производот којшто го произведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Виолета | Media Press

Објавено

N

Владата на вчерашната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници. Висината на дополнителната субвенција оваа година ќе биде 2 денари за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти вранец и смедеревка, туку и за сортите кратошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019.

Измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година односно моделот за оваа дополнителна субвенција е донесен по повеќето разговори и консултации коишто Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги имаше со производителите на грозје, но и поради проблемите коишто тие ги имаа со цената за килограм винско грозје  од сушата која што го намали приносот на грозје од реколта 2019 година.

Дополнително, на вчерашната владина седница се усвоија измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со коишто се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Односно наместо до 5-ти ноемрви, сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 –ри ноември 2019 година Продолжувањето на роковите е  поради тоа што во дадените рокови земјоделските стопанства не беа во можност да ги остварат своите права за финансиска поддршка по овие подмерки.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Обезбедени нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за земјоделците

Марија | Media Press

Објавено

N

Нови 915 милиони денари ќе им се исплатат на земјоделците со ребалансот на Буџетот, предвидува Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, усвоена на вчерашната седница на Владата.

Конкретно, за исплата на субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од јануари до април 2018 година,со ребалансот се обезбедени 179 милиони денари. 50 милиони денари се обезбедени за производителите на оризова арпа кои своето производство го имаат предадено кај регистрирани откупувачи.

Со ребалансот се обезбедени 288 милиони денари за исплата на финансиска поддршка за сите земјоделци кои не се исплатени од претходните години за обработлива земјоделска површина (поледелци, градинари, лозари, овоштари), производители на семе и саден материјал, субвенции по грло добиток односно за земјоделците кои имаат говеда, овци, кози, свињи, пчелни семејства и живина.

За исплата на субвенциите за земјоделците кои градинарските производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети за периодот од 26 декември 2017 година до 25 декември 2018 година, се обезбедени 151 милиони денари, а 7 милиони денари за исплата на субвенциите за предадени домати во преработувачки капацитети.

Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат 40 милиони денари за субвенции за откупената пченица од родот 2018 година од домашно производство која е откупена од регистрирани откупувачи. 160 милиони денари се обезбедени за исплата на субвенцијата за производителите на јаболка од реколта 2018 година. 

За исплата на субвенцијата за под-мерката за депопулација на свињите, со ребалансот се обезбедени 40 милиони денари, со што ќе бидат обештетени сите земјоделци кои своите свињи ги чуваат во услови кои не ги исполнуваат биосигурностите стандарди за чување и произодство на свинско месо.

Со овие последни измени буџетот за земјоделство за 2019 година ќе изнесува 7 милијарди денари соопшти владината прес-служба.

Прочитај повеќе