Connect with us

Економија

Започна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Виолета | Media Press

Published

on

Од 15 декември со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата Мој ДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Секој ден се скенира за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус добиваат сериски броеви кои ќе влезат во месечниот циклус за 15 награди од по 100.000 денари, како и за двете премии од 3.000.000 денари.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и две главни премии од по 3.000.000 денари.

За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати  условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Извлекувањето на дневните награди ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број со кој учествуваат во извлекувањата во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Извлекувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер. Првото извлекување за 15 награди од по 100.000 денари ќе биде на 4 јануари 2020. 

Економија

АД „Пошта“ не може да обезбеди финансиски услуги поради укинување на дозволата за работа на „Еуростандард“ банка

Александар | Media Press

Published

on

Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на АД Пошта, Ејуп Рустеми, денеска одржа прес конференција за Решението на НБРСМ со која се укинува Дозволата за основање и работење на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ и како што е најавено отворање на стечајна постапка.

Од денеска поради неработење на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА на шалтерите на ПОШТА не е можно да се обезбеди финансиски услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се:

  • наплата на сметки за комунални услуги
  • наплата на сметки за струја
  • исплата на пензии
  • исплата на социјална помош
  • други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА.

Сите овие услуги ПОШТА во својата мрежа ги обезбедува во име на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА и за истите наплаќа соодветен надоместок.

Остварените приходи во првите шест месеци од 2020 година од овие услуги кои од денеска ПОШТА не може да ги обезбеди изнесуваат 110 милиони денари и преставуваат 19,4 % од вкупно остварените приходи на ПОШТА.

Во услови на пандемија ова беа значајни приходи за ПОШТА, бидејќи здравствената криза придонесе да има огромен пад на приходите од поштенски услуги, најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај.

Над 870 вработени на ПОШТА целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедување на наведените услуги.

Приходот остварен од наведените услуги обезбедува плата за околу 560 вработени во ПОШТА.

ПОШТА е во интензивна комуникација со  Владата на РСМ како оснивач на ПОШТА, со НБРСМ како регулатор со цел изнаоѓање на брзо и прифатливо решение за сите, а пред се во интерес на граѓаните и фирмите, кои досега ги користеле овие услуги на шалтерите на ПОШТА.

Continue Reading

Економија

Фонд за осигурување на депозити соопштува дека сите депонентите во „Еуростандард банка“ ќе бидат обесштетени

Александар | Media Press

Published

on

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на „Еуростандард банка” АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година. 

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.

Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за датумот на почеток на исплатата на обесштетувањето и за називот на банката/банките преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите.

За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на „Еуростандард Банка” АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735.

Continue Reading

Економија

ССМ: 3.300 млади луѓе под 29 години останале без работа од почетокот на кризата

Александар | Media Press

Published

on

Во услови на глобална здравствена, но и економска криза предизвикана од корона вирусот која го потресе светот, Секцијата на млади на ССМ (СМССМ), заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12ти август, Активни млади за глобална акција. 

Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција, а речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија). Секој 4ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35%.

СМССМ повикува да се слушне и нивниот глас и бараат од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за работничките права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

Continue Reading