Connect with us

Гевгелија

505 милиони денари проектиран Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година

Avatar

Published

на

Буџетот на општина Гевгелија за 2020 година е проектиран

на 505.391.914 денари или 8.191.000 евра, додека основниот буџет е проектиран на 230.333.000 денари или 3.733.000 евра.

 Нацрт-верзијата од вака проектираниот буџет, предложен од страна на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, беше прифатена од страна на Советот на општина Гевгелија, на одржаната 137 седница. Притоа, беше констатирано дека буџетот ги содржи реалните потреби и можности на општината за остварување на планираните програми, проекти и активности во идната година. Имено, општинскиот буџет е проектиран, и овој пат, врз основа на просечно реализираниот буџет во изминатите три години плус 30 %.


-Настојувавме да се вклопиме во законските рамки, но и потребите и можностите на општината, чија цел е да ги подобри условите за живот и квалитетот на услугите кон граѓаните. Затоа, се раководевме не од желби, туку од реални потреби, како и во изминатава година, за што зборува и реализираниот процент од над 66% на извршување на општинскиот буџет во деветте месеци од годината. Приоритет во буџетските активности ќе им се даде на подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура, вели градоначалникот Поцков.

Како приоритетни проекти во идната година, градоначалникот Сашо Поцков ги посочи и уредувањето на новиот градски парк „Урбан градски сквер“ на старото пазариште во центарот на градот, изработката на проект за Секундарна мрежа за гасификација, а секако и реализација на грантовите од KFW банката и Министерството за транспорт и врски.

-Општина Гевгелија идната година ќе ги поддржи проектите за подобрување на условите и функционирањето на предучилишните установи, пред се, доградбата на градинката „Сончогледи“. Имајќи предвид дека оваа установа со заштедените средства од донациите не е во можност да ги разреши сите проблеми, рече Поцков.

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе