Connect with us

Гевгелија

„И ние сме овде.И нас не грее исто сонце“, беше пораката на членовите на Заедницата на инвалидските организации од Гевгелија

Media Press

Објавено на

Членовите на Здружението на глуви и наглуви, Здружението на слепи, Здружението на лица со телесен инвалидитет-Мобилност, Здружението на лица со интелектуална попреченост-Порака, Здружението за пулмонална хипертензија „Момент Плус“, Центарот Мајка Тереза и Здружението на граѓани Changemakers4All, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, организираа повеќе настани.

Најнапред продефилираа низ центарот на Гевгелија, за да ја подигнат јавната свест дека лицата со посебни потреби постојат, не треба да бидат игнорирани туку да бидат вклучени во заедницата како еднакви и рамноправни членови во неа.
Дефилето заврши во Народниот театар во Гевгелија каде пред граѓаните се обратија претседателите на сите здруженија. Тие побараа од државата и, пред се од локалната самоуправа, подобрување на условите за живеење, вработување на работоспособните членови на овие здруженија без никаква дискриминација, овозможување безбедно движење по улиците и тротоарите, полесен пристап до институциите со мобилни платформи, да нема отворени шахти, да нема обраснати со трева тротоари и улици, и да нема непрописно паркирани автомобили за непречено движење на слепите лица.
„Иако сме лица со попреченост, иднината на човештвото е во рацете на сите луѓе, ја имаме моќта да создадеме среќа, ја имаме моќта овој живот да ни биде слободен и убав, свет во кој на младината ќе се даде иднина, и свет кој ќе ни даде безбедна старост. Ние не бараме посебни права и не бараме привилегии. Бараме само да ни се овозможат сите оние компензациони права кои се цивилизациска придобивка на модерниот свет, прокламирани со многубројни документи, а пред се со Конвенцијата за права на лица со попреченост на ОН, ратификувана и потпишана и во нашата земја. И ние постоиме. И ние сме овде.И нас не грее исто сонце“, порачаа порака, членовите на Заедницата на инвалидските организации од Гевгелија,
На лицата со попреченост им се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој рече дека општината и досега излегувала во пресрет на барањата на лицата со попреченост, а тоа ќе го прави и во иднина. „Иако сме носители на одредени функции, ние, рече Поцков сме сепак луѓе, до нас допираат вашите барања и ќе направиме се бизнис секторот да покаже поголема општествена одговорност и да одвојува дел од својот профит како поддршка на вашите барања“.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, членовите на гевгелиските здруженија го завршија со пригодна културно уметничка програма.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе