Connect with us

Македонија

Падна првиот снег на планините и во некои градови во државата

Виолета | Media Press

Published

on

На планините од утринава има снег. Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови 11 сантиметри, додека во Берово снежната покривка изнесува осум сантиметри и на Попова Шапка шест сантиметри.

Утринава е облачно, а на места се уште провејува слаб снег и дува слаб до умерен северен ветер.

Од УХР за денеска најавуваат променливо облачно и студено време со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје слично време со температура до четири степени

Снег има и во Пожаране девет сантиметри, во Крива Паланка, Лазарополе и Штип три сантиметри, во Тетово и Крушево два сантиметри и во Битола еден сантиметар. Тенка снежна покривка има и во југоистокот освен во  крајниот југоисток од државата.

Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, на предлог на Коалицијата „Можеме“, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев. Заев вети дека ќе биде премиер наредните 4 години и дека ќе состави нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

„Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави претседателот Пендаровски.

„Денескa имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Имаме успех во многу аспекти, а имаме и прашања кои не се затворени, а се поприлично сериозни. Се надевам на успех, бидејќи граѓаните ни дадоа насоки кој со кого да преговара“, изјави Заев, додавајќи дека се подготвува да биде премиер во следните четири години.

„Очекувам дека за најмногу 20 дена од денес, Северна Македонија ќе добие ефикасна и посветена Влада која веднаш ќе се посвети на предизвиците кои ги носи пандемијата Ковид-19, Влада која од првиот ден ќе работи на обезбедување повеќе пари, повеќе услуги и подобар живот за секој наш граѓанин“ вели Заев.

Continue Reading

Македонија

За време на викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Виолета | Media Press

Published

on

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Continue Reading

Македонија

Влез во Грција преку „Евзони“ од понеделник со нов протокол

Александар | Media Press

Published

on

 Министерството за внатрешни  работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“.

Почнувајќи од понеделник 17.08.2020 до понеделник 31.08.2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 06.00 до 22.00 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Continue Reading