Македонија
Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар-Стража-Кичево и за крак Маврово -Дебар
Објавено на
Од
Media Press
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно, од ноќеска на полноќ е укината, информираат од АМСМ.
Поради интензивни
врнежи од снег вчера во 18:20 часот од превентивни причини се воведе забрана за
камиони на патниот крак Маврово – Дебар и Гостивар-Стража-Кичево. Од утринава од 06:15
часот е укината забраната и за крак Маврово -Дебар. Патниот правец Маврово-
Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови
возила од 15.11.2019 до 01.04.2020Сообраќајот на државните
патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци
надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска
страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на
движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно
управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и
клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова
посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поврзани содржини

Целосна забрана за движење во шумите до крајот на септември, за непочитување на забраната, глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност

Од утре задолжително зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови

Воведена делумна забрана за движење во шума

На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата околу 30 минути

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

