Радовиш
Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост во дневниот центар Порака во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressЦентарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Радовиш денеска го одбележа 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост.
Целта на одбележување на овој ден секоја година е да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост.
На одбележувањето во дневниот центар Порака беа присутни повеќе гости претставници од општината, градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, секретарот Драги Стојанов, претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев, заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, директори на јавни институци и училишта, претставници од Општина Конче, лицата корисници на центарот,и нивните родители и роднини.
Присутните ги поздрави претседателката на дневниот центар Порака во Радовиш Виолета Србакова и раководителот Тања Костадинова.
Во продолжение беа доделни благодарници за успешна соработка и подршка на дневниот центар порака на повеќе правни и физички лица, благодарница беше доделена на градоначалникот Герасим Конзулов на извршниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов, на советникот Горан Поцев, на ОО на Црвен Крст од Радовиш и на други лица подржувачи на дневниот центар Порака.
Поврзани содржини

Корисниците од ДЦ ПОРАКА од Радовиш денеска се дружеа во ресторан, по повод роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Градоначалникот на општина Радовиш денеска ги посети членовите на ДЦ Порака и ги израдува со новогодишни подароци

Новогодишни подароци од рудникот Бучим и годинава за корисниците од ДЦ Порака во Радовиш

Дневниот центар Порака од Радовиш свечено го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост 3-ти Декември

Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од ДЦ Порака и годинава од рудниците Бучим и Боров Дол
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

