Connect with us

Радовиш

Започнува образовната програма на компанијата „Солвеј“

Avatar

Published

на

Четврта година по ред компанијата „Солвеј“ преку рудникот Бучим од Радовиш,  ја спроведува образовната програма за  бесплатен курс по англиски јазик и учество на Музичкиот камп во Салзбург, Австрија.

Целта на програмата е интегрирање на младите во современиот свет и во светот на уметноста.

Аплицирањето за овогодишната стипендија започнува од 01 декември и ќе трае до   15 јануари 2020 година, а до тогаш заинтересираните ученици ќе можат да се подготват и да аплицираат.

Часовите и оваа година ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, трипати во неделата по два часа, заедно со професорката Катерина Сусинова и онлајн наставник од Америка.

 Минатогодишните корисници на стипендијата и учесници во Музичкиот камп во Салзбург- Австрија, Моника Трајанова и Стефан Ефтимов импресионирани од учеството во операта Едип и дружењето во Салзбург.

Освен од Македонија во Музичкиот камп во Салзбург преку компанија Солчвеј, учествуваат, деца и млади од 14 до 17 години и од Украина и Гватемала.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе