Categories: Радовиш

Отчет на Градоначалникот Конзулов, решавање на главните општински проблеми

Градоначалникот Конзулов во својот отчет, посебен акцент даде на решавањето на проблемот со водоснабдувањето, со изградба на нов резервоар за вода.

-Во годината што изминува бевме посветени на решавање на главните општински проблеми со 20 реализирани прокети во инфраструктурата, рече градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов во својот отчет за  двегодишното работење од преземањето на функцијата. Градоначалникот Конзулов посебен акцент даде на решавањето на проблемот со водоснабдувањето, посебно во населба Куклевица.

Во продолжение градоначалникот Конзулов ја спомна и набавката на машината ровокопач за потребите на ЈП Плаваја, со што се зголеми   квалитетот на работа на претпријатието, тековно се санирани и оштетените улици во градот, обновена е вертикалната и сообраќајна сигнализација по улиците, централното градско подрачје е опремено со нова урбана опрема и други проекти.

Општина Радовиш континуирано ги подржува сите културни манивестации кои годинава се органзираат во рамките на1000 години Радовиш, како традиционите манифестации „Самун ем татлија“ и „Карамановите поетски средби“. Општина Радовиш во 2019 година најмногу вложуваше во патната инфраструктура и новиот резервоар за вода, за наредната година се предвидени голем број прокети кои се веќе договрени или се или се во почетна фаза. Како изградба на нови улици во населените места, изградба на новиот мост на река Марлада, проектот за гасификација на Радовиш и други проекти, додава градоначалникот Герасим Конзулов .

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago