Categories: Струмица

Струмица е најотворена општина во Македонија

Струмица е најотворена општина во Македонија со 52% на исполнување на индикаторите на отвореност – пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност. Просечната оцена на локалната власт во државата за исполнување на стандардите на отвореност изнесува 25%.

Ова го покажале резултатите од истражувањето спроведено од декември 2018 до крајот на март 2019 година од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО „ACTION SEE“ на локалната самоуправа во регионот на Западен Балкан.

Добрите практики на општина Струмица ги презентираше секретарот Александар Оџаков на регионалната конференција е – Општество: Отворени институции и отчетност, која што се одржа во Скопје.

-Струмица е отворена општина, затоа што граѓаните се нејзиниот приоритет. Колку сме поотворени, толку е поголема нивната доверба и поддршка, но и партиципативното учество во креирањето на локалните политики. Токму поради ова во континуитет работиме на ослободување на што поголем број податоци и информации, најчесто на тие за кои што граѓаните покажуваат најголем интерес, но се разбира и на оние кои што ни се законска обврска како на локална власт, рече Оџаков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago