Categories: Македонија

Царовска: За секое дете – љубов, се заложуваме за ставање крај на насилството врз деца

За секое дете – љубов, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето завршно обраќање на дводневната конференција “Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата во Западен Балкан” организирана од УНИЦЕФ.

“Ниедно дете не треба да расте во страв. Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта. Тогаш ние создаваме просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества” рече Царовска.

Царовска истакна дека водени од Конвенцијата за правата на детето, особено од правото сите деца да се ослободени од сите форми на насилство, граѓанската и прогресивната Влада на Северна Македонија се залага да стави крај на сите форми на насилство и експлоатација на децата до 2030 година.

Конференцијата заврши со потпишување на заложба за борба против насилство од страна на министрите Мила Царовска, Рената Десковска, Оливер Спасовски, Арбер Адеми и Венко Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago