Connect with us

Гевгелија

Општина Гевгелија ќе аплицира на повикот за изработка на Студија за секундарна гасификациона мрежа

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Гевгелија ќе аплицира на јавниот повик за изработка на техничка документација што го објавија Министерството за локална самоуправа и УНДП со проектот за изработка на Студија за секундарна гасификациона мрежа.

Оваа одлука Советот на општина Гевгелија ја донесе на последната 36.седница. Изработката на проектно-техничка документација за секундарна гасификациона мрежа во општина Гевгелија се наметна по средбата со претставниците на Националното биро за гасификација, кое во рамките на националната програма за приклучување на општините Гевгелија, Богданци и Демир Капија на јужниот крак од соседна Грција, веќе изработува проект за примарна гасификација, односно донесување на гасот до примарната станица кај Гевгелија. -Наша обврска е да изработиме проект за секундарната мрежа поради што и се одлучивме да аплицираме со овој проект, информираше градоначалникот Сашо Поцков на седницата на Советот на општината.
Советниците, исто така, донесоа одлука за кофинансирање на проектите за изградба на водоводна мрежа во станбената населба Караорман и на атмосферска канализација на улица Индустриска во Гевгелија. И двата проекти се реализираат со грантови од Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП за успешно реализираните проекти за изградба на нов водоснабдителен систем и доградба на училниците во СОУ„Јосиф Јосифовски“, за кои беа користени заеми од Светска банка.

Изградбата на водоводната мрежа во населбата Караорман ќе чини 4.173.571 денари, а општина Гевгелија треба да обезбеди 327.605 денари. За изградба на атмосферска канализација на улица Индустриска на тендерот е постигната цена од 1.735.016 денари, од кои општината треба да обезбеди 1.293.230 денари. Изградбата и на двата проекти наскоро започнува.

прикажи повеќе

Гевгелија

Побегнал пациент од дворот на Невропсихијатриска болница Негорци

Виолета | Media Press

Published

on

Случајот го пријавил лекар од Невропсихијатриска болница. Имено на  21.06.2020 околу 18 часот  во Полициската станица Струмица, лекар од Невропсихијатриска болница Негорци пријавил дека од дворот на болницата побегнао лицето  З.В.(39) од Штип, кој во болницата бил пренесен од Затвор од Штип, каде претходно издржувал затворска казна.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Гевгелија

Пронајдени 142 мигранти во камион, двајца гевгеличани заработија кривични пријави

Александар | Media Press

Published

on

Регионалниот центар за Гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ поднесе кривична пријава против  Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија.

„На 10.06.2020 околу 05:40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина.

Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.“ – Стои во соопштението од МВР

При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. 

Continue Reading

Валандово

СВР Струмица поднесоа 77 кривични пријави, меѓу нив има и за 14 радовишани

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе 77 кривични пријави против: Џ.Б.(56), А.М.(31), А.М.(38), М.Џ.(29), В.М.(24), А.Ф.(32), С.Ј.(19), М.Ш.(45), Ј.М.(41), Р.И.(37), Е.И.(36), С.А.(23), Б.Б.(21), Е.В.(53), Е.В.(20), К.Д.(16), сите 16 од Струмица.

По Шест лица од с.Банско и с.Василево, струмичко. Д.Ф.(24), Т.И.(39), Ѓ.С.(31), Д.Д.(29), А.А.(27), О.Р.(41), сите шест од с.Банско и С.И.(31), Т.А.(28), С.Ѓ.(31), С.Н.(21), Н.Н.(39), М.Х.(32), сите шест од с.Василево.

А.А.(23) од с.Старо Балдовци, струмичко, З.Ј.(43) од с.Просениково, струмичко, З.М.(47) од с.Радичево – Василево.

Од Радовиш кривични пријави добија 14 лица С.С.(22), А.Б.(25), Р.Ч.(68), Т.С.(40), О.О.(44), Ѓ.С.(43), Д.С.(41), Р.М.(32), С.П.(50), Е.А.(57), А.Ш.(28), Д.Б.(62), М.С.(30), Ц.С.(27).

Во Гевгелија има поднесено 31 кривична пријава Д.Т.(26), М.К.(45), С.М.(36), П.Т.(40), В.Ш.(49), Т.П.(23), Е.П.(29), Б.В.(46), Р.Ѓ.(38), С.С.(57), Е.Ѓ.(46), Б.Г.(67), М.Т.(58), Љ.Ј.(34), В.Т.(55), М.К.(50), А.Т.(29), Ѓ.Г.(40), Е.Д.(19), Л.А.(49), С.Д.(66), Р.Т.(67), З.Д.(54), И.А.(37), М.С.(46), М.С.(60), М.С.(48), Е.Ј.(45), К.П.(40), Ј.С.(39), Ж.Б.(19). и едно лице Т.И.(76) од Валандово

Сите кривични пријави се поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Continue Reading