Connect with us

Гевгелија

Капиталните инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, стратешка цел на градоначалникот Сашо Поцков

Виолета | Media Press

Published

on

Стратешка цел во првата половина   од градоначалничката функција на градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков биле капителните инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, подобрување на квалитетот на животот, одржлив економски и еколошки  развој, финансиска консолидација на општината и кадровото екипирање. Реалиозираните проекти и активности јасно потврдуваат дека ваквите цели се остварени вели во својот отчет градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, притоа спомнувајќи ги реализираните проекти поголемиот дел изградба на патишта и улици.

Градоначалникот Поцков додаде дека се подобрени условите во сите Основни училишта, во градинките во Гевгелија и населените места, целосно е заменета столаријата и реновирани се тоалетите, отворени се нови детски јасли во Негорци а наскоро и во Миравци. Извршена е  реконструкција на Дневниот центар за деца со посебни потреби. Поцков спомна дека Општина Гевгелија во изминатиот период  подржала околу 100-тина културни манифестации за побогат културно уметнички живот, несебично биле подржани и  спортот и спортските настани, нова опрема за ТПП единца во Гевгелија.

Општината во првата половина на оваа година остварила приходи во висина од  53% а за девет месеци заклучно до септември остварени се 66% од приходите што досега не било случај. Општина Гевгелија е добитник на Златна награда Глобал Локал во категорија на локални заедници, доделена во Хрватска  за создаден и верификуван амбиент за развоја на бизнис.

Гевгелија

Грчки државјанин починал во стан во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

На 11.12.2019 година во 08.50 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во 02.00 часот во капела во Гевгелија бил сместен грчки државјанин, кој на 10.12.2019 година во 18.00 часот бил пронајден починат во стан на улица „Ѓоко Татушев“ во Гевгелија. Полициски службеници излегле на местото каде лекар констатирал смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Гевгелија

Денеска 11 декември, прекин во електронапојувањето на поголем дел од општина Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Прекин во напојувањето со електрична енергија во периодот од 11:00 до 15:00 часот ќе бидат сите корисници од Гевгелија, со исклучок на централниот дел. Исто така, без струја ќе бидат и повеќе населени места во општината. Според известувањето од ЕВН-КЕЦ Гевгелија без струја ќе бидат:
Корисниците во Гевгелија во реонот од улиците Никола Карев, преку горниот дел на булевар Гевгелија, населба Караорман, кон Моински пат, М. Тито, Солунска, Ј. Јосифовски, Загребачка, Сараевска, се до Илија Миов и индустриските објекти на Моински пат.

Потоа, реонот околу пекара Зора, Зора – Бетонска, Нов Ладилник, Стар Ладилник, Управна зграда, Кула Зора, Русекомерц, Техноалат-Комерц.
Дел од индустриските корисници во Гевгелија кои се напојуваат од ДВ 10КВ Паскалин (Паскалин, Визба Маркудов , Интербетон сепарација, Вори, Пекара Бекарт, Мансард , мотел Вардар, Бензинска Макпетрол на стариот пат, Бензинска пумпа Шимов на влез на Гевгелија и други). Без струја од 11 до 15 часот утре ќе биде и индустрискиот дел на Гевгелија (Ноел , 7ми Ноември , Соми и др.)
Исто така, без струја ќе бидат сите корисници од селата Кованец, Серменин, Коњско, Ума, См. вода и Ски центар Кожуф, Негорци, дел од село Мрзенци, село Прдејци, комплексот Негорски бањи и околината. Потоа, селата Ново Конско и Моин и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон село Моин (фарма Моин , Житко , Јоријан и други). Село Мрзенци (освен раскрсницата на влезот) , Оранжерии Прдејци, фирмите Технопродукт, Житопром, Сервис Тефтер, Оксија, Ледра и околината, како и фирмата Контихидропласт.
Без електронапојување ќе биде и регионот на улиците Булевар Гевгелија, преку улиците Коле Неделковски, Б.Кидрич, Железничка се до Илинденска.
Прекинот ќе се врши за потребите на МЕПСО заради итни интервенции на високонапонските водови. Сите останати корисници на КЕЦ Гевгелија на почеток и на крај од овој термин ќе имаат краток прекин на испораката на електрична енергија.

Continue Reading

Гевгелија

505 милиони денари проектиран Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Буџетот на општина Гевгелија за 2020 година е проектиран

на 505.391.914 денари или 8.191.000 евра, додека основниот буџет е проектиран на 230.333.000 денари или 3.733.000 евра.

 Нацрт-верзијата од вака проектираниот буџет, предложен од страна на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, беше прифатена од страна на Советот на општина Гевгелија, на одржаната 137 седница. Притоа, беше констатирано дека буџетот ги содржи реалните потреби и можности на општината за остварување на планираните програми, проекти и активности во идната година. Имено, општинскиот буџет е проектиран, и овој пат, врз основа на просечно реализираниот буџет во изминатите три години плус 30 %.


-Настојувавме да се вклопиме во законските рамки, но и потребите и можностите на општината, чија цел е да ги подобри условите за живот и квалитетот на услугите кон граѓаните. Затоа, се раководевме не од желби, туку од реални потреби, како и во изминатава година, за што зборува и реализираниот процент од над 66% на извршување на општинскиот буџет во деветте месеци од годината. Приоритет во буџетските активности ќе им се даде на подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура, вели градоначалникот Поцков.

Како приоритетни проекти во идната година, градоначалникот Сашо Поцков ги посочи и уредувањето на новиот градски парк „Урбан градски сквер“ на старото пазариште во центарот на градот, изработката на проект за Секундарна мрежа за гасификација, а секако и реализација на грантовите од KFW банката и Министерството за транспорт и врски.

-Општина Гевгелија идната година ќе ги поддржи проектите за подобрување на условите и функционирањето на предучилишните установи, пред се, доградбата на градинката „Сончогледи“. Имајќи предвид дека оваа установа со заштедените средства од донациите не е во можност да ги разреши сите проблеми, рече Поцков.

Continue Reading