Connect with us

Регион

И пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила, не само возачите

Виолета | Media Press

Published

on

Во извршената контрола на СВР Струмица за пет часа шест пешаци биле санкционирани.  

     Имено на 25 ноември  во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над пешаци. Притоа, констатирани се шест прекршоци сторени од страна на пешаците и тие биле соодветно санкционирани.

Регион

Лишен од слобода струмичанец кој превезувал 19 мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

На 05.12.2019 околу 06.40 часот на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. од Струмица поради тоа што во товарно возило „нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, В.Г. не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и В.Г. бил лишен од слобода.  По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Регион

Одржана модната ревија „Убави сме, свои сме“ во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Струмица со подршка на модната ревија во која учествуваа лицата со Даунов синдром. Градоначалникот Коста Јаневски и секретарот Александар Оџаков со своето учество ја поддржаа модната ревија „Убави сме, свои сме“ којашто во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ се одржа во хотелот Сириус.

Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски порача хуманоста и човечноста да се докажуваат секојдневно, а не само на вакви настани.

Во модната ревија „Убави сме, свои сме“ учествуваше и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов кој даде силна подршка на лицата со Даунов синдром.

Continue Reading

Регион

23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот регион

Марко | Media Press

Published

on

Во Општина Ново Село се одржа тринаесетата редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците или нивни претставници од сите десет општини во регионот.

Покрај одлуките донесени на Советот, беше презентиран и проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, проект кој е во фаза на имплементација. Проектот предвидува поставување на 23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во регионот, од кои Општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово треба да добијат по три агрометеоролошки станици, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче по две а општина Дојран да добие една станица.

Истите ќе бидат поставени на насади во зависност од општините кои ќе треба да дават резултати за климатските промени кои може да предизвикаат одредени болести кај лозовите, овошните насади или пак кај засеаните површини со градинарски култури или житни растенија.

Целта на овие агрометеоролошки станици е собирање, обработка и прикажување на метеоролошки податоци како и давање правовремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напаѓање на поединечни болести или штетници врз културите.

Инаку градоначалникот наопштина  Струмица Коста Јаневски и во наредните две години ќе биде претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Одлуката ја донесоа градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион на одржаната седница на која беше разгледана  и информацијата дека за идната година Југоисточниот регион се стекнува со правото на користење на околу 36 милиони денари при што беше договрено на следната седница да се утврди годишната листа на предлог проекти кои се приоритет за 2020 година.

Притоа беше донеена и одлука за доделување на јубилејна награда на раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.

Continue Reading