Connect with us

Регион

23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот регион

Avatar

Published

на

Во Општина Ново Село се одржа тринаесетата редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците или нивни претставници од сите десет општини во регионот.

Покрај одлуките донесени на Советот, беше презентиран и проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, проект кој е во фаза на имплементација. Проектот предвидува поставување на 23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во регионот, од кои Општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово треба да добијат по три агрометеоролошки станици, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче по две а општина Дојран да добие една станица.

Истите ќе бидат поставени на насади во зависност од општините кои ќе треба да дават резултати за климатските промени кои може да предизвикаат одредени болести кај лозовите, овошните насади или пак кај засеаните површини со градинарски култури или житни растенија.

Целта на овие агрометеоролошки станици е собирање, обработка и прикажување на метеоролошки податоци како и давање правовремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напаѓање на поединечни болести или штетници врз културите.

Инаку градоначалникот наопштина  Струмица Коста Јаневски и во наредните две години ќе биде претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Одлуката ја донесоа градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион на одржаната седница на која беше разгледана  и информацијата дека за идната година Југоисточниот регион се стекнува со правото на користење на околу 36 милиони денари при што беше договрено на следната седница да се утврди годишната листа на предлог проекти кои се приоритет за 2020 година.

Притоа беше донеена и одлука за доделување на јубилејна награда на раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе