Connect with us

Гевгелија

Започна изградбата на патот до Времената депонија кај Ново Конско

Виолета | Media Press

Published

on

Се предвидува патот да биде тампониран со што ќе се обезбедат услови за непречено движење на возилата на ЈПКД„Комуналец“ за транспортирање на отпадот до депонијата.

За реализација на проектот од Меѓународната агенција за мигранти (ИОМ), која го распиша тендерот за изградба на патот, се обезбедени 140.000 евра.
Се очекува патот да биде готов до крајот на годината, а во меѓувреме општината Гевгелија треба да обезбеди водоводна линија и електронапојување на депонијата. ЈПКД„Комуналец“ веќе работи на инсталирањето на водоводната линија, додека за електронапојување ќе биде обезбедена сончева енергија. За таа цел во општина Гевгелија веќе се подготвува тендер за изработка на проект и избор на изведувач на сончевите колектори, информираат од општината.

Гевгелија

Градоначалникот Поцков на Заедничкиот консултативен комитет на регионите на ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков присуствуваше на Заедничкиот консултативен комитет на

регионите на ЕУ и Република Македонија во Скопје, на кој покрај другото се расправаше за придонесот на локалните и регионалните власти во процесот на преговорите за пристапување на ЕУ. На оваа тема зборуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а свои обраќања на отворањето на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет имаше и  амбасадорот-шеф на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар.
Тематската дебата на конференцијата беше посветена на локалниот економски развој, а во неа свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

-Гевгелија е една од општините што има голем успех во искористеноста на средства од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија со Грција и со Бугарија, што како добра пракса треба до го примениме и во другите програми и проекти што се отворени за нашата земја. Овие средства се можност за решавање на одредени проблеми и потреби на граѓаните, но тие не се доволни за да може да ги решиме сите горливи проблеми во општината, рече Поцков, нагласувајќи:
-Потребни се повеќе вакви програми за општините, но и јаки капацитети во општините за подготовка на проекти, кои успешно ќе се реализираат. Но, тоа не е единствената пречка, поголем проблем е кофинансирањето, посебно кај некои општини, кој треба да го решиме заедно со централните институции и ЗЕЛС, што секогаш нуди иновативни решенија за нашите потреби. Европските фондови се исклучително важен извор за реализирање на општински проекти, затоа ова прашање, со основање на инвестициски фонд или банка на општините треба да биде ставено повторно на агендата на ЗЕЛС, и заедно со централните власти да најдеме разумно решение за сите нас, истакна градоначалникот на општина Гевгелија.
Притоа, оцени дека за силен локален економски развој на општините, централните власти треба да се „откажат“ од одредени надлежности што природно треба да потпаднат под локалните власти.

-За тоа да се случи, локалните самоуправи треба да ја зајакнат довербата пред централните институции дека имаме волја, знење и капацитети за да испорачуваме квалитетни и конзистетнти услуги за граѓаните. Да ги собираме сопствените извори на приходи, да се вклучуваме во програмите и проектите со кои ќе се обезбедат поволни услови за инвестирање во општините. Инвеститорите се наши партнери, а ние, за нив треба да озбебедиме квалитетни услуги и поволни услови за инвестирање. Заедно со централните власти треба да продолжиме да го држиме фокусот на градење на поволна бизнис клима, додава Поцков.

Continue Reading

Гевгелија

Грчки државјанин починал во стан во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

На 11.12.2019 година во 08.50 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во 02.00 часот во капела во Гевгелија бил сместен грчки државјанин, кој на 10.12.2019 година во 18.00 часот бил пронајден починат во стан на улица „Ѓоко Татушев“ во Гевгелија. Полициски службеници излегле на местото каде лекар констатирал смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Гевгелија

Денеска 11 декември, прекин во електронапојувањето на поголем дел од општина Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Прекин во напојувањето со електрична енергија во периодот од 11:00 до 15:00 часот ќе бидат сите корисници од Гевгелија, со исклучок на централниот дел. Исто така, без струја ќе бидат и повеќе населени места во општината. Според известувањето од ЕВН-КЕЦ Гевгелија без струја ќе бидат:
Корисниците во Гевгелија во реонот од улиците Никола Карев, преку горниот дел на булевар Гевгелија, населба Караорман, кон Моински пат, М. Тито, Солунска, Ј. Јосифовски, Загребачка, Сараевска, се до Илија Миов и индустриските објекти на Моински пат.

Потоа, реонот околу пекара Зора, Зора – Бетонска, Нов Ладилник, Стар Ладилник, Управна зграда, Кула Зора, Русекомерц, Техноалат-Комерц.
Дел од индустриските корисници во Гевгелија кои се напојуваат од ДВ 10КВ Паскалин (Паскалин, Визба Маркудов , Интербетон сепарација, Вори, Пекара Бекарт, Мансард , мотел Вардар, Бензинска Макпетрол на стариот пат, Бензинска пумпа Шимов на влез на Гевгелија и други). Без струја од 11 до 15 часот утре ќе биде и индустрискиот дел на Гевгелија (Ноел , 7ми Ноември , Соми и др.)
Исто така, без струја ќе бидат сите корисници од селата Кованец, Серменин, Коњско, Ума, См. вода и Ски центар Кожуф, Негорци, дел од село Мрзенци, село Прдејци, комплексот Негорски бањи и околината. Потоа, селата Ново Конско и Моин и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон село Моин (фарма Моин , Житко , Јоријан и други). Село Мрзенци (освен раскрсницата на влезот) , Оранжерии Прдејци, фирмите Технопродукт, Житопром, Сервис Тефтер, Оксија, Ледра и околината, како и фирмата Контихидропласт.
Без електронапојување ќе биде и регионот на улиците Булевар Гевгелија, преку улиците Коле Неделковски, Б.Кидрич, Железничка се до Илинденска.
Прекинот ќе се врши за потребите на МЕПСО заради итни интервенции на високонапонските водови. Сите останати корисници на КЕЦ Гевгелија на почеток и на крај од овој термин ќе имаат краток прекин на испораката на електрична енергија.

Continue Reading