Connect with us

Земјоделие

Жените земјоделки за првпат ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска Платежната агенција го објави Јавниот повик за доставување на барања за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за оваа година. Максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант. 

„Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведе за првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Мерката за развивање во последната година, со што се создадоа услови за објавување на јавниот повик. Очекуваме да има голем интерес за оваа мерка“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември 2019 – та година. Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„ Со овие средства може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи, растители и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи, опрема за прием, собирање и чување, сортирање, чистење, миење, сушење, калибрирање на земјоделски производи. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење, етикетирање на производи.  Со помош на средствата од оваа мерка може да се набавува и опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, палети,  опрема за мерење и квалитет, опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Дополнително,преку мерката„Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг. За оваа мерка е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло, којшто дава основа за продажба од праг. Со тоа идентитетот и квалитетот на производот којшто го произведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз.

Земјоделие

МЗШВ се залага за градење партнерски однос меѓу произведувачите и откупувачите на земјоделски производи

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ја посети Општината Василево од Југоисточниот регион и оствари средба со градоначалникот Марјан Јанев и земјоделците производители на вишни и со откупувачите и преработувачи на вишни.

На средбата се разговараше за плановите за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компаниите преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните. Тие ги ислушаа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.

Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30% на 50%. Исто така, министерот Димковски ги информираше земјоделците за обезбедената поддршка од 10.000 евра за старт ап семејни бизниси како и за други мерки од доменот на работење на МЗШВ.

Заедничкиот заклучок од денешните средби е дека земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи.

МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

Continue Reading

Земјоделие

Уште две недели за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни.

„Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни.

Напоменуваме, дека остануваат уште две недели до истекот на рокот. Сите земјоделци кои имаат потреба да направат измени, треба да се обратат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19. Исто така, апелираме до сите земјоделци кои ќе доаѓаат во Подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца“, стои во известувањето.

По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат превземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да се стекне со право на финансиска поддршка велат од МЗШВ.

Continue Reading

Земјоделие

Намалена бројката на склучени договори со тутунопроизводителите, количините на тутун ќе бидат помали за околу 4000 тони

Александар | Media Press

Published

on

Околу четири илјади тони тутун помалку во споредба со лани се очекува да бидат произведени годинава, велат од Сојузот на тутунските здруженија.

Тутунските откупни компании во Македонија годинава склучиле 2.796 договори помалку од претходната година или договори за 22.959 тони на тутун. Во споредба со лани откупиле 26.730 тони што е за 3.770 тони повеќе од договорите годинава.

Од Сојузот на тутунарски здруженија не знаат на што се должи ова намалување на склучените договори бидејќи поради корона кризата немале средби со откупувачите. Годинава тутунопроизводителите посадиле близу 12.100 хектари тутун, што е за 1500 хектари помалку.

Остануваат со нивните барања годинава тутунот да се цени само во 3 класи и да има покачување на цените, односно прва класа да биде 280 денари, втора 220 и трета 170 денари за килограм тутун.

Continue Reading