Connect with us

Македонија

Рурална Коалиција додели сертификати на 25 жени кои беа дел од првата академија за жени -претприемачки од руралните средини

Avatar

Published

на

25 жени од руралните средини во периодот од мај до септември 2022 година, активно беа вклучени во првата Меѓународна академија за жени-претприемачки од руралните средини. Првата академија за жени претприемачки од руралните средини Dream Builder ја организира Амабасадата на САД во Република Македонија во партнерска соработка со Рурална Коалиција.

По тој повод Рурална Коалиција на сите 25 жени им додели сертификати на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври, притоа беше потпишана и декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини,  како производителки на храна.

„Низ 13 вкупно модули водени од страна на фасилитаторки, 25 жени успеаjа да го поминат процесот на изработка на бизнис план, да размислуваат за унапредување на сопственото производство, да разменуваат меѓусебно знаења и искуства. Академија за жени претприемачки (AWE 2022), е иницијатива на Бирото за Образование Култура на Министерството за надворешни работи на владата на САД која го имплементира овој проект во над 90 земји во светот поддржувајќи повеќе од 16 000 жени,  кај нас за прв пат преку партнерска соработка со Рурална Коалиција“ рече Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција, која додаде дека декларацијата ќе ја почитуваат и потпишат сите жени кои што ќе станат дел од Руралното Женско Лоби кое што делува и ја јакне родовата компонента во Рурална Коалиција.

Со доделувањето на сертификатите Рурална Калиција го одбележа успехот на жените од руралните средини, но и порача дека локалните хероини во производството на храна се токму тие, по што жените ги споделија нивните приказни.

Настанот се одржа во ресторан Амбиент, во село Пишица, Пробиштип којшто исто така е раководен од рурална жена!

Првата академија за жени претприемачки од руралните средини Dream Builder ја организира Амабасадата на САД во Република Северна Македонија во партнерска соработка со Рурална Коалиција, додека пак поддршката за унапредување на активностите и делувањето на Руралното Женско Лоби се дел од проектот „Со европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница“,  имплементиран од Рурална Коалиција, а поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“.

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе

Македонија

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Avatar

Published

на

Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.

„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Avatar

Published

на

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе