Connect with us

Радовиш

Од денеска започна реализацијата на проектот за енергетска ефикасност на ООУ „Орце Николов“ во Ињево, општина Радовиш

Марија | Media Press

Published

on

Од денеска започна реализацијата на проектот за енергетски ефикасно училиште кој го реализира Општина Радовиш  преку ЕУ – ИПА фондовите, со проект за прекугранична соработка со Република Грција. ООУ Орце Николов од Ињево ќе биде првото енергетски ефикасно училиште во општината, кое ќе добие сосема нови,енергетски ефикасни и  современи услови за работа.

По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на секторто за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности и притоа оствари средба со изведувачот и  со директорот на училиштето.

Проектот има за цел да развие целосно функционален систем за енергетска ефикасност во основното училиште со имплементирање на нов систем за греење, нова термофасада со нови врати и прозорци како и реконструкција на дел од кровната конструкција.

Доректорот Киро Јованов очекува многу подобри и квалитетни услови за работа и за учениците и за вработените.

Проектот е финансиран од ЕУ преку “ИПА фондовите”. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.419.375.80 евра, додека вкупниот буџет на Општина Радовиш како партнер, изнесува 288.520.00 евра. Градоначалникот Конзулов очекува дека проектот ќе биде реалзиран во законски предвидениот рок.

Избори 2020

Чаракчиев ја промовираше изборната програма со делење материјал со информативна содржина во центарот на Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатот за пратеник од Радовиш Коле Чаракчиев,  од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на поставен штанд во центарот на градот ја промовираше изборната програма.

„На своите сограѓани им поделивме летоци со информативна содржина и им ја презентиравме програмата за претстојните парламентарни избори“, вели Чаракчиев кој притоа додаде дека средбата со граѓани ја реалзира со целосно почитување на мерките за заштита од корона вирусот.
„Во секоја активност целосно ги почитуваме мерките за спречување на ширењето на корона вирусот“, додава Чаракчиев.

Continue Reading

Избори 2020

Трајанов во разговор со граѓаните во центарот на Радовиш ја промовира програмата

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатото за пратеник од Радовиш од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија“ Здравко Трајанов, денеска на поставен  штанд  во центарот на Радовиш, со блиска средба со граѓаните, ја промовираше изборната програма.

Continue Reading

Избори 2020

Трипуновски од Покрајчево: Доаѓаат подобрите времиња за македонскиот аграр

Виолета | Media Press

Published

on

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше во посета на Општина Радовиш. Тој заедно со кандидатот за пратеник од Радовиш од редовите на ВМРО ДОПМНЕ и коалицијата Здравко Трајанов посети еден од сточарите од Покрајчево.

Трипуновски од Покрајчево меѓу другото порача до актуелниот министер за земјоделие, да се пролонгираат роковите за аплицирање за субвенции за земјоделците, за да имаат време земјоделците да аплицираат

Continue Reading