Connect with us

Радовиш

Се одржаа 46 „Караманови поетски средби“ во Радовиш, посветени на младиот поет и револуционер Ацо Караманов

Давид | Media Press

Published

on

Три дена Радовиш живееше во духот на 46 Караманови поетски средби на кои присуствуваа поети од повеќе земји меѓу кои и големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон добитник на  Европската награда за поезија „Ацо Караманов„.

Свеченото отварање на манифестацијата започна со изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василевски, продолжи со познатите стихови од Ацо Караманов „Псалм за m-lle Lili“  и со кореографијата „Перон„ на балетското студио Газели.

Овогодишните „Караманови поетски средби“ свечено ги отвори градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, кој ги поздрави присутните гости.

Големиот шпански поет Падрон, добитник на европската награда за поезија,  се претстави со повеќе песни од својот поетски опус, од кои поемата посветена на Македонија предизвика посебни емоции кај радовишката публика.

По претставувањето на Хусто Хорхе Падрон од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска на големиот поет со светски глас му беше доделена Европската награда за поезија „Ацо Караманов“.


Првата вечер од Карамановите поетски средби заврши со изведбата на кантатата „Радовидение“ по повод „1000 години Радовиш„ чиј композитор е: Стојан Стојков а стиховите се на Борче Панов, за што градоначалникот им додели признание.
Карамановите поетски средби продолжија и наредните два дена во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш со „Поетски портрет на Раде Силјан“ за чиј книжевен опус зборуваа Паскал Гилевски и Љубинка Донева.
За добитникот на балканската награда „Ацо Караманов“Валерио Орлиќ, и за неговиот книжевен опус зборуваше Борче Панов со посебен осврт за книгата „Обележувам ѕвезди “ за која авторот ја доби наградата.
Вечерта „Карамановите поетски средби“ продолжија во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со Поетските меридијани каде свој настап имаа сите поети, а воедно беа доделени и Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ, и доделувањето на наградата „Караманов„ за најдобра поетска книга од македонски автор на Даниела Андоновска-Трајковска.
Во неделата „Карамановите поетски средби“ започнаа во ОНБ Браќа Миладиновци, со омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски и промоција на книгата „Дождови- 90 песни“ . За книгата зборуваше авторот Раде Силјан, но свое излагање за поетот Матеја Матевски имаше и познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон – голем пријател на Матеја Матевски.

Манифестацијата заврши со Поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Шпанија Полска, Турција, Србија, Црна гора  и Бугарија со младите поети од Радовиш.

И овогодишните 46 караманови поетски средби беа под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасиум а во реализација на Совет на Караманови поетски средби, Центар за култура Ацо Караманов и ОНБ Браќа Миладиновци од Радовиш.

Радовиш

Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување по ЕСКО МОДЕЛ

Виолета | Media Press

Published

on

Советот на Општина Радовиш донесе Одлука за давање на позитивно мислење за предлог-договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на енергетски услуги за јавно осветлување и овластување на градоначалникот за потпишување на договор.  Пред донесувањето на одлуката градоначалникот Конзулов даде мало објаснување што ќе придонесе овој проект за уличното осветлување во градот.

Новиот ЕСКО МОДЕЛ обезбедува подобри услови за граѓаните со примена на мерки за енергетска ефикасност и враќање на инвестицијата исклучиво преку заштеда на енергија. Проектот предвидува; Оржлив модел за општински развој; Модерна ЛЕД технологија; Штедливи светилки; Централно дигитално управување со мрежа; Одржување на опремата од страна на ЕСКО компанијата и
опремата останува кај крајниот корисник.

Со реализацијата на овој проект Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување.

Continue Reading

Избори 2020

Што предвидуват во програмата и што ветуваат Заев и Мицкоски пред граѓаните во регионот

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  Зоран Заев и Христијан  Мицкоски кои го посетија Радовиш, на прашањето што да очекуваат граѓаните од регионот одговрија:

Заев: Овој наш земјоделски регион ќе го заштитиме еколошки, ќе ги подигнеме платите а ќе се качуваат и пензиите,земјоделството ќе се унапредува…

Мицкоски: Бизнисмените да очекуваат најнизок данок, вработување на невработените,  поврзување на Конче со Струмица преку Рич и Попчево, 1000 километри локални регионални патни правци, унапредување на земјоделието, инвестиции…

Continue Reading

Избори 2020

Мицкоски во посета на Радовиш и Конче: Се обврзавме на чесна и честита работа

Виолета | Media Press

Published

on

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ вчера  ја промовираа програмата пред граѓаните на Радовиш. Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијн Мицкоски пред граѓаните рече: „Ги посетивме Конче и Радовиш. Се обврзавме на чесна и честита работа. Се обврзавме на обнова која ќе ја донесеме после 15 јули. Македонија мора да си ја исправиме!“.

Пред граѓаните на Радовиш се претставија и кандидатот за пратеник Здравко Трајанов и носителот во ИЕ 4 Александар Николовски.

„Радовиш ми е во душата и ќе направам се да ја вратам гордоста на радовишани“, рече Трајанов,ж.

На трибината во Струмица Мицкоски меѓу другото рече „Нема преговарање за Гоце Делчев. Гоце Делчев е Македонија. Не смее никој да преговара ниту за Гоце, ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме!“

Continue Reading