Connect with us

Струмица

Над триесетина мигранти пронајдени во струмичко по што биле предадени во Транзитен прифатен центар Гевгелија

Роберт | Media Press

Published

on

 На 20-ти ноември околу 20;30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица во координација со Регионален центар за гранични работи Исток, во атар на с.Свидовица, струмичко, пронашле 33 мигранти.

Од кои 21 државјани на Авганистан, седум на Пакистан, три од Иран и двајца од Ирак.

Мигрантите биле предадени во Транзитен прифатен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Струмица

Општина Ново Село одбележа 23 години од конституирањето на општината

Виолета | Media Press

Published

on

По повод Ден на Општина Ново Село, 12-ти Декември, во салата за Совет беше одржана Свечена Седница на Советот.
Денот на општината се одбележува по повод одржување на првата конститутивна Седница на Советот на Општина Ново Село на  12 -ти декември 1996.

На Седницата се обратија Претседателката на Советот Валентина Попова и Градоначалникот на Општина Ново Село Никола Андонов кој во својот говор се осврна на постигнатото во изминатиот период и приоритетните проекти во иднина.

Исто така, на Свечената Седница како почестени гости беа присутни претходни градоначалници, претходни претседатели на Совет, директори на образовните и општинските институции, командирот на полициската станица во Ново Село, идруги поканети гости.

Continue Reading

Струмица

Струмица отворa градинки и надвор од општинскиот центар

Виолета | Media Press

Published

on

Муртино e првото населено место во општината кое доби таков објект. На отворањето на градинката присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој потенцираше дека грижата за децата и нивниот ран и правилен развој е врвен приоритет. Заев нагласи  дека За две години, на територијата на целата се изградени  или е во тек е изградбата и проектите за близу 70 градинки. 

Според него таква иницијатива, за толку кус период, не е забележана во историјата на државата.

Тој информираше дека пред  неполн месец, министерката за труд и социјална политика, МилаЦаровска потпишала  договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска освен вложувањата во раниот детски развој важно е што се поттикнуваат општините да размислуваат за детската заштита како приоритетно прашање.Освен во Муртино деновиве градинка ќе биде отворена и во селото Куклиш. Проектите се реализираа со финансиска поддршка на ЕУ и имаат вкупен капацитет од околу 90 деца.

Continue Reading

Струмица

Симболично со засадување на зимзелени дрвца, во Струмица беше одбележан денешниот ден, 3-ти Декември

Виолета | Media Press

Published

on

Вработените и учениците од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, со претставници од општинската администрација, симболично со засадување на зимзелени дрвца, го одбележаа денешниот ден, 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Општина Струмица, на учениците во паралелките за аутизам, кои следат настава во рамките на ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, им обезбеди комплети со ученички прибор.
Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници.

Овој ден се одбележува уште од 1992 година кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 3 Декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот.
За лицата со посебни потреби државата креира мерки и решенија за полесно вклучување во социјалната средина и полесно извршување на сите активности. Областите во кои се работи се образованието, вработувањето, домувањето, социјалната заштита и здравствената заштита на лицата со посебни потреби.

Во стратешките документи на општина Струмица се планирани конкретни решенија, кои произлегуваат од идентификуваните проблеми за потребите од обезбедување на лични и образовни асистенти на лицата со посебни потреби, обезбедување полесен пристап до воспитно-образовните установи, инклузија на децата со посебни потреби, обезбедување стручен наставен кадар, вклучување во проектни активности за соработка со родителите на учениците со посебни потреби, обезбедување финансиски средства за асистивна технологија и технички помагала и ученички прибор

Continue Reading