Граѓаните од Општините Радовиш и Конче конечно ќе можат да ги завршат основните
нотарски работи во Радовиш.
Денеска свечено
беше отворена новата нотарска канцеларија
на наовизбраниот нотар Љупче Јорданов, на старата локација каде што
работеа и претходните двајца нотари, веднаш до Основниот суд во Радовиш.
Љупче Јорданов кој
досега работеше како адвокат, е именуван за
нотар со решение на министерот
врз основа на конкурс за
именување на нотари кој го распиша министерот, а го спроведе Комората .
На денешното свечено отварање беа присутни повеќе гости,
адвокати, правници вработени во бизнис секотрот и други гости.
Инаку Радовиш беше без нотар околу 2 години поточно од
Јануари 2018 година, по пензионирањето на нотарот Јован Стојчев. Од тогаш граѓаните од општините
Радовиш и Конче, основните нотарски услуги ги извршуваа во Струмица, за што беше задолжен нотарот Јанко Милушев. Новиот нотар Љупче Јорданов
беше избран пред неколку недели и од денеска
започнува со работа.
Инаку според законот на подрачјето на Основниот суд ако има до 20.000 жители според последниот службен попис, треба да има
најмалку еден нотар. Во
општина Радовиш со околу 15-тина населени маста, има околу 28 илјади жители што значи има услови
за уште еден нотар.