Connect with us

Радовиш

Стекнете се со бесплатна обука за компјутерски вештини – аплицирајте најдоцна до 01.06.2022

Media Press

Published

на

Реномиран онлајн и телевизиски медиум со 25 годишно искуство и примат во телевизиската дејност во југо-источниот регион, распишува оглас за вршење на бесплатна обука за компјутерски вештини за лица од 18-46 години.

Обуката опфаќа изучување на основните компјутерски вештини, веб пребарување, монтажа, графички дизајн и управување со социјални мрежи.

Најдобрите кандидати ќе имаат можност да продолжат со работа на една од следниве работни позиции:

  • Уредник на социјални мрежи
  • Видео монтажер
  • Снимател
  • Графички дизајнер

Заинтересираните кандидати не е неопходно да имаат претходно стручно познавање или искуство во наведените дејности, потребно е само да поседуваат самоиницијатива, одговнорност и интерес за развој во наведените дејности.

Аплицирајте на следниот линк: https://forms.gle/GBDARqvwxJAgpRAU7

Или доставете CV и мотивационо писмо заедно со Вашата кратка биографија на нашата адреса: tvkobra@yahoo.com или во inbox на: https://www.facebook.com/RTVKobra/

Напомена: Апликацијата трае најдоцна до 01.06.2022

прикажи повеќе

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе